Меѓународната финансиска компанија SOLARGROUP има потреба од менаџер за продажба кој добро ги владее германскиот и францускиот јазик
Бројот на клиенти на нашата компанија постојано расте насекаде во светот. За да може интеракцијата со нив да биде што е можно поефикасна, потребен ни е професионалец кој има желба и знае како да се занимава со продажба, и кој течно зборува германски, француски и руски јазик.
SOLARGROUP е финансиска компанија која доживува брз развој. Веќе 6 години сме присутни на пазарот за меѓународно крудинвестирање. Нашата суперсила — организирање на финансирање на иновативни проекти.
Нудиме можност за работа во тим кој е задолжен за успех!
Одговорности на менаџерот за продажба:
• да се јавува на „топлата“ база на клиенти за да ги мотивира да купат нови инвестициски пакети и да ги поттикне да продолжат да ги отплаќаат ратите за постоечки пакети,
• да ги информира клиентите за понудите кои се поволни за нив,
• да им дава совети на клиентите за прашања поврзани со проектот и за купување на инвестициски пакети.
Услови за работа
• Добра плата: ја цениме ефикасноста на нашите вработени. Ќе добивате фиксна плата и неограничени бонуси кои ќе зависат само од Вас.
• Работа од далечина: не е важно каде се наоѓате, сè додека сте достапни во текот на работното време и ги извршувате задачите во рамките на зададените рокови.
• Флексибилно работно време: настојуваме да бидеме флексибилни и да им излеземе во пресрет на вработените кои имаат таква потреба.
• Изгледи за напредок во кариерата: ние ги обучуваме нашите вработени и им помагаме да ги подобрат своите вештини. Имате прилика активно да учествувате во развојот на компанијата, и да ја зголемите Вашата компетентност и Вашата заработка.
• Солиден и пријателски настроен меѓународен тим: одржуваме редовни онлајн и офлајн состаноци.
Факт што зборува сам за себе: практично немаме никаква флуктуација на персоналот. Можноста да му се придружите на SOLARGROUP не се укажува баш често.
Дали Ви се допаѓа идејата да станете дел од нашиот тим, или дали можеби познавате некој што е соодветен за оваа работа?
Имејл за испраќање на CV: maria.sh@solargroup.team.
Telegram за испраќање на CV: https://t.me/shcherbakova_mari (Марија Шербакова, раководителка на одделот за продажба на SOLARGROUP).
Пријавете се додека трае огласот!