Македонските екологисти ја поддржуваат технологијата „Славјанка“

Македонските екологисти ја поддржуваат технологијата „Славјанка“

Тестирањето на чамци опремени со електромотори засновани на „Славјанка“ е во полн ек на Охридското Езеро во Северна Македонија. Вонбродскиот мотор заснован на електромоторот со комбинирани намотки DA-95S беше испорачан од Андреј Лобов, раководителот на производственото претпријатие „Ресурс“. Со помош на Горан Настески, партнер на SOLARGROUP, како и други партнери од Македонија, моторите беа поставени на различни чамци: на пластично кајче и на три други традиционални кајчиња со помали, средни и поголеми димензии.

Традиционално македонско кајче се користи на Охридското Езеро уште од дамнини. Мајсторите со векови го усовршувале овој навидум едноставен чамец изработен од дрво и железо. Андреј Лобов ги истакна неговите извонредни перформанси и изрази спремност врз основа на него да изработи чамец на соларен погон.

На Охидското Езеро има речиси две илјади традиционални кајчиња кои активно се користат во туризмот. Но, сите тие користат бензински мотори, а бензинот и моторното масло ги загадуваат водите на едно од најубавите и најчисти езера во Европа. На средбата со локалните екологисти, Андреј Лобов и партнерите на SOLARGROUP зборуваа за решението на овој проблем: „Ова езеро мора да се зачува. Ќе се вклучат екологистите, но од нив не се очекува многу. Треба само да издејствуваат укинување на двотактните мотори“.

Борис Џајковски, претставник на еколошката заедница на Северна Македонија, учествуваше во тестирањата на чамците и ги сподели своите впечатоци:

„Денес го пробавме, и чувството е прекрасно: нема загаденост, нема бучава. Ова би значело многу за Охридското Езеро во иднина, бидејќи е пренатрупано со чамци. Мислиме дека ваквиот тип на мотори многу ќе придонесе за заштита на биодиверзитетот во Охридското Езеро“.

Еден од иницијаторите и главните организатори на средбата, партнерот на SOLARGROUP, Горан Настески, не можеше да ја скрие својата радост поради посетата на Андреј Лобов: „Нашите очекувања кои ги имавме неколку години наназад се исполнија. Мислам дека ова ќе биде број еден за заштита на Охридското Езеро во наредниот период... Покрај состаноците што ги одржавме со еколошките друштва и со сопствениците на пловните објекти во Охридско Езеро, ќе направиме заеднички напори за овој проект да оди во нагорна линија, да добие зелено светло од компетентни личности, односно нашата влада и нашиот град.“

Тестирањето на чамци со мотори засновани на „Славјанка“ ќе продолжи во Македонија. Како следно, планирана е средба со рибарите и со претставници на туристичката индустрија.

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ