Преглед на проектот: што се инвестициски удели?

Преглед на проектот: што се инвестициски удели?

Инвеститорите во проектот „Моторите на Дујунов“ купуваат инвестициски удели во бек-офисот на SOLARGROUP, кои од практични причини се во облик на инвестициски пакети. Денес ќе Ви дадеме некои клучни информации за уделите.

Еден инвестициски удел во проектот е удел во компанијата SOLARGROUP.

SOLARGROUP е коосновач на ДОО „Совелмаш“ и поседува 49% од претпријатието. Според тоа, сопствениците на инвестициски удели стануваат косопственици на „Совелмаш“ пропорционално со износот што го инвестирале во проектот. Колку повеќе инвестициски удели имате, толку поголем е Вашиот удел во „Совелмаш“.

Откако ќе заврши финансирањето на проекот, ДОО „Совелмаш“ ќе премине во акционерско друштво, и инвестициските удели ќе бидат заменети со акции во претпријатието. Инвеститорите ќе станат акционери, и ќе можат да остварат заработка или во облик на дивиденди од активностите на компанијата или од продажба на своите акции.

Колку чини еден инвестициски удел?


Ова зависи од повеќе фактори.

Како прво, зависи во која фаза од финансирањето купувате удели. Колку проектот е поблизу до својот крај, толку е помал ризикот за инвеститорите и толку е помал попустот на уделите. На пример сега, во фаза 18 од вкупно 20 планирани фази, уделите се просечно 5 пати поскапи отколку во првата фаза. Цената на уделот е фиксна во текот на целиот период додека отплаќате некој инвестициски пакет на рати. Исто така, можете да се претплатите на траен попуст — тоа е едноставно и исплатливо. Дознајте нешто повеќе за ова на следниов линк.

Второ, цената на уделите зависи од номиналната вредност на инвестицискиот пакет. Колку е поскап пакетот, толку е пониска цената на уделот во него.

Трето, важно е дали го плаќате целиот пакет со еднократна уплата или не. Уделот е поевтин ако целиот пакет го исплатите наеднаш. Ако купите пакет на рати и престанете да го отплаќате, ќе добиете помалку од половина од уделите во пакетот, што значи дека цената за удел ќе биде многу висока.

Како може да ги документирате уделите како Ваша сопственост?

За да ги документирате уделите како Ваша сопственост, мора да се верифицирате во бек-офисот. Откако ќе платите за уделите, може да ги документирате како Ваша сопственост така што ќе кликнете на копчето „Документирај“ на Почетната страница во бек-офисот. Тогаш ќе се генерира електронски сертификат за платените удели. Исто така може да нарачате сертификат во печатен облик така што ќе одите во „Профил“ — „Документи“ — „Испорака“.

Кога купувате инвестициски удели во проектот „Моторите на Дујунов“, Вие инвестирате во иновативното инженерско претпријатие „Совелмаш“. Ова ќе Ви овозможи да го зголемите Вашиот капитал и да си обезбедите сигурен приход за неколку години.

КУПИ УДЕЛИ