Лични рекорди во трката Solar Race 2023

Лични рекорди во трката Solar Race 2023

На многу учесници во проектот им се допаѓа нашиот серијал за тук-тукот. Тук-тукот Bajaj Maxima со мотор заснован на технологијата „Славјанка“ учествуваше во Solar Race 2023 — трка на соларни возила која се одржа во Казахстан.

Трката започна на 11 јуни во Уралск, а до целта во Алма Ата требаше да се поминат 2.700 километри. Патот водеше низ сурови пустински услови — само со употреба на соларна енергија, без какво и да било друго полнење освен тоа што учесниците го имаа со себе. Трката се состоеше од две натрпреварувачки фази.

И, денес сме спремни да ви покажеме какви резултати постигна нашиот тим во текот на ова патување.

Тук-тукот беше последен, и затоа беше на удар на критичарите. Може да си замислите! На крајот на краиштата, зарем целта на учесниците во трката не е да победат? Сепак, тоа не беше единствената причина за учество на нашиот соларен автомобил. Храбриот и одважен тим кој управуваше со нашиот тук-тук беше цело време на одговорна мисија — да го тестира моторот во реални услови.

Со што се соочија по патот? На какви пречки наидоа и како ги совладаа?

Да не избрзуваме. Тимот сè уште нема донесено заклучоци.

Во меѓувреме, да видиме какви лични рекорди си поставуваше нашиот тук-тук секој ден од патувањето.

Уживајте во видеото!

ДРУГИ НОВОСТИ