Книга на успеси на SOLARGROUP: резултати

Книга на успеси на SOLARGROUP: резултати

Кога одлучивме да зборуваме за нашето работење преку приказни раскажани од поединци, не бевме свесни колку емоции, различни судбини, карактери, инспирација и доверба ќе внесе тоа во проектот.

Драги пријатели! Восхитени сме секој ден од успехот што го постигнуваме заедно со вас и од тоа на каков неверојатен тим припаѓаме. Вашите приказни нè уверија дека никој не може да ни го претстави проектот и партнерската програма подобро отколку самите учесници. Партнерите искрено ги споделуваат со нас своите потешкотии, предизвици и достигнувања — нивните приказни ни влеваат доверба и сила, и ни потврдуваат колку е важна нашата заедничка цел. И, имате можност на секои две седмици да се запознаете со различни членови на нашата партнерска заедница.

Веќе помина една година откако нашите партнери почнаа да ни ги испраќаат приказните за својот успех.

За тоа време:

беа објавени 34 приказни,

а 117 приказни беа подготвени за објавување.

Но, нема да запреме овде! Партнери на SOLARGROUP се илјадници луѓе од разни земји, со различни искуства и размислувања. Секој од нив заслужува да има свое место во нашата Книга на успеси. Ќе продолжиме да ве запознаваме со нивните приказни и ќе ви покажеме колку луѓето се важни за оваа работа, и на кој начин тие уште сега го менуваат светот и својот живот на подобро.

И второ, планираме Книгата на успеси на SOLARGROUP да излезе во печатена верзија. Веќе подолго време сакаме да ви дадеме прекрасно издание со уникатен дизајн!

Ако веќе сте ни ја испратиле својата приказна, но сè уште не е спремна за објавување, Ве молиме проверете дали исправно сте го пополниле формуларот:

• Дали ставивте линк на Вашата фотографија?
• Дали го внесовте Вашето цело име и презиме, и дали го додадовте Вашиот имејл?

За книгата ни е потребна Ваша фотографија со висок квалитет!

А ако сè уште не сте ја споделиле Вашата приказна, направете го тоа веднаш! Погледнете ги објавените приказни овде и пополнете го формуларот. За детално пополнување на формуларот, ќе добиете 100 удели.

Бизнисот го градат луѓе, а успехот на проектот зависи од успехот на секој член на тимот. И Вие сте дел од тимот и давате скапоцен придонес во реализацијата на проектот. Раскажете ни за тоа, и запишете го Вашето име во Книгата на успеси на SOLARGROUP!