Клучни настани од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Клучни настани од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Изградбата на „Совелмаш“

Минатата седмица, во Бирото за проектирање и инженеринг беше во полн ек завршното уредување, како и работата на внатрешните комунални мрежи.

• Започна поставувањето на пешачките рампи на влезот на административната зграда.
• На приземјето во административната зграда почна поставувањето на спуштен плафон.
• Започна и средувањето на просторот околу лифтовите во приземјето на административниот дел. Лифтовите беа ускладени со ознаките на подот на секој кат.
• Стаклените прегради во канцелариите на приземјето беа прекриени со мат-фолија. Во нив веќе се сместуваат вработените. На првиот кат од административната зграда се поставуваа преградни ѕидови и врати.
• Беше купена и испорачана голема количина на завршни материјали.
• Во тек е вградувањето на вентилацискиот систем во производствениот погон.
• Монтирана е собирницата во погонот за намотување на статорите.
• Извршено е тестирање на притисокот во системот за снабдување со ладна вода.
• Пуштено е греење во трпезариите каде што ќе земаат храна вработените во производствениот погон.
• Беше завршено и отстранувањето на грешките во софтверот за управување со топловодната станица.
• Работниците почнаа да го опремуваат вториот магацин.

Освен тоа, компанијата „Совелмаш“ продолжи да изготвува документи за поднесување на барањето за завршеток на изградбата.

Сега е неопходно да се забрза финансирањето на проектот за да може Бирото да биде завршено што е можно побрзо. Со секоја Ваша ивестиција сме чекор поблизу до успехот на проектот!

ИНВЕСТИРАЈТЕ