Клучни настани од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Клучни настани од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Изградба на Бирото „Совелмаш“

• Завршено е поставувањето на системите за осветлување во средниот дел од производствениот погон. Осветлувањето е флуоросцентно и ги задоволува сите барања за заштита при работа.
• Во работилницата започна инсталирањето на системот за електрични спроводници и снабдувањето на опремата со електрична енергија. Овој систем ги намалува трошоците за поставување на системот за напојување, ги поврзува машините таму каде што е соодветно, и помага за брзо менување на распоредот на опремата во работилницата.
• Во тек е поставувањето на станицата за прочистување на водата.
• „Совелмаш“ доби потврда дека се целосно доставени документите за приклучок на греењето со цел да се изврши стартување и пуштање во работа. Преостанува да се причека стручната проверка за да може да се пушти греењето во зградата.
• Продолжија активностите поврзани со внатрешното уредување на административниот дел од зградата, како и поставувањето на внатрешните комунални мрежи.

Ажурирања на прегледот на проектот

Го ажуриравме прегледот на проектот „Моторите на Дујунов“. Додадовме бројач на деновите до завршетокот на изградбата, напредок на клучните задачи во тековната 18. фаза од финансирањето и го ажуриравме интерфејсот.

Прегледот на проектот е достапен овде.

Зголемување на исплатени пакети

Покренавме посебна промоција за инвеститорите кои имаат целосно исплатени пакети. Заклучно до 29 декември, зголемете го Вашиот исплатен пакет и продолжете да купувате удели по најголемиот попуст кој е достапен за Вас.

Може да го зголемите пакетот во бек-офисот следејќи го линкот: „Инвестиции“ — „Мои инвестиции“ или на следниов линк.

Досегашни резултати и нов услов во лотаријата на SOLARGROUP

Во проектот „Моторите на Дујунов“ продолжува да тече добитната лотарија на SOLARGROUP, која е неопходна за да се забрза финансирањето на проектот. Воведовме ограничување на наградите: еден инвеститор може да освои најмногу 50.000.000 удели во едно коло. Промените важат за сите кола, вклучувајќи ги и оние што веќе завршија.

Деталните правила и услови за лотаријата се достапни овде.

Следете ги нашите новости и бидете во тек со напредокот на проектот.

ДРУГИ НОВОСТИ