Клучни настани од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Клучни настани од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Ажурирања во бек-офисот и во ботот на Telegram

Минатата седмица ги ажуриравме опциите во нашиот бек-офис, но и повеќе од тоа.

• Сега има нов дел наречен „Поддршка“, во кој можете да ѝ поставите какво и да било прашање за проектот и за компанијата на службата за техничка поддршка на SOLARGROUP. Може да го најдете во менито на Почетната страница или на следниов линк. Таму можете исто така да договорите повратен повик на руски, англиски и виетнамски јазик.

• Беше додадена карта на која се прикажани податоци за Вашата локација. Можете рачно да ја означите Вашата локација или да вклучите автоматско пронаоѓање. Оваа информација ни е потребна за да ги одредиме локациите за идните офлајн настани. Картата ќе биде достапна кога првпат ќе се најавите во бек-офисот по ажурирањето, како и на Вашиот профил, во делот „Поставки“ — „Моја локација“. Овде може да ги смените податоците за локацијата, да ја вклучите или исклучите опцијата за автоматско пронаоѓање.

• Telegram ботот на SOLARGROUP беше ажуриран. Сега можете да извршувате многу дејствија без да се најавувате во бек-офисот. На пример, можете да додадете средства на Вашата сметка, да извршите еднократна уплата за инвестициски пакет или да уплатите рати, да го проверите бројот на Вашите удели или прегледот на проектот, да добиете линк за препорака, итн. За да го инсталирате ботот, одете на Вашиот профил во бек-офисот. Изберете „Поставки“ — „Интеграции“ — „Телеграм“ — „Поврзи“.

Повторно одржување на вебинарите за новозаинтересирани лица

Повторно почнаа да се одржуваат вебинари на руски за нови лица кои сакаат да се запознаат со проектот. Првиот вебинар во живо по паузата го одржа Генадиј Бабанин, квалификуван говорник на SOLARGROUP, и водечки партнер на компанијата во Русија. Учесниците на вебинарот ги слушнаа сите главни информации за проектот, и добија одговор на своите прашања.

Вебинари со презентации на проектот ќе се одржуваат двапати месечно. Следете ги известувањата во бек-офисот.

Почеток на 3. коло на лотаријата на SOLARGROUP

Второто коло на лотаријата на SOLARGROUP заврши во ноември. Ве потсетуваме дека за секоја инвестиција од 100 $, добивате купон за учество во извлекувањето на инвестициски удели и електричен мотоцикл. До 10 декември ќе ги објавиме имињата на добитниците и на 100-те инвеститори кои ќе влезат во завршното коло каде што ќе се извлекува електричен автомобил.

Следете ги нашите новости и учествувајте во третото, декемвриско коло на лотаријата!

ОДЕТЕ НА ЛОТАРИЈА