Еве како промоцијата „Ви благодариме“ придонесува за изградбата
Преостануваат помалку од 5 дена до завршувањето на промоцијата „Ви благодариме“. Би сакале да ве информираме за текот на градежните активности на главните подрачја за кои се привлекуваат средства во рамките на промоцијата.
• Греење. Топловодот на градилиштето е целосно поставен, покриен е со бетонски плочи и сега се затрупува со песок. Градежните работници почнаа да ги полнат цевките од топловодот со вода, а потоа ќе направат хидраулични тестирања. Во тек се завршните работи со заварувањето во топловодната станица. Во зградата се поставуваат цевките за греење и радијаторите.
• Водоснабдување. Цевоводот за топла вода е завршен надвор од зградата. Се спроведува доводот на ладна вода, и се поставуваат цевките од десната страна на зградата. Главните цевки за снабдување со топла и со ладна вода се поставуваат внатре во зградата.
• Напојување со електрична енергија. Се спроведува електроинсталација во зградата. Претходно во зградата на Бирото беше спроведена струја со висок напон.
• Атмосферска канализација. Комуналиите се спроведени низ целата парцела. За да се поврзат со централниот систем на посебната економска зона, мора да се избуши премин под патот. За таа цел, на подрачјето на „Совелмаш“ беше направена длабока армирана јама и беа завршени подготовките надвор од локацијата.
• Надворешно осветлување и телеметрија. Беа ископани ровови за електричните мрежи со низок напон, вклучувајќи го и надворешното осветлување, телеметријата и други.
• Асфалтирање. Беше асфалтиран голем дел од површината: кај товарната рампа, од левата страна на објектот и зад зградата. Десната страна од зградата на Бирото се подготвува за асфалтирање.
• Зелени површини. На задниот дел од градилиштето се работи на тревникот кој ќе биде затрупан со црна почва.
• Ограда. Подножјата на околните светлосни столбови се спремни.
• Вентилација. Во зградата се поставуваат вентилациските системи, како и цевките од системот за климатизација.
• Завршна обработка на ѕидовите и таваните. Ѕидовите во административната зграда се подготвуваат за бојадисување. Се бојадисуваат канцелариите. Во некои простории, на пример, во идниот изложбен простор, таванот веќе е бојадисан.
• Завршна обработка на подовите. Во административната зграда се лепат подните плочки. Плочките веќе се ставени во медицинскиот оддел, во сите негови простории и санитарни јазли.
• Внатрешни преградни зидови. Повеќето преградни ѕидови се монтирани. Треба да се монтираат и стаклените прегради.
Други задачи што треба да се завршат:
• опремата за контрола на климатизацијата е поставена на посебна платформа и ќе биде приклучена;
• системот со противпожарните прскалки треба да се заврши и да се бојадиса;
• направен е влез за оптичкиот кабел и треба повторно да биде вклучен;
• треба да се пуштат во употреба четири санитарни јазли во производствената зграда на Бирото;
• треба да се постават подпрозорските даски во административната зграда.
Главната задача на Бирото „Совелмаш“ е да го поврзе греењето и комуналиите пред да настапи ладното време. Поставувањето на комуналиите надвор од објектот е речиси готово благодарение на забрзаниот прилив на средства. Сепак, има уште многу работа за да се заврши приклучувањето. Затоа, темпото на финансирање сега не смее да забави.
Заклучно до 15 септември, до 23:59 часот по московско време, трае промоцијата „Ви благодариме“ која е поволна апсолутно за секој инвеститор во проектот.
Можете да ги дознаете деталите овде.
Побрзајте да ги искористите извонредно поволните услови и да го поддржите проектот!