Како ќе заработува Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“, а и Вие заедно со него?
Сакате ли да донесете информирана одлука дали да инвестирате во „Совелмаш“? Тогаш е важно да сфатите како ќе заработува ова претпријатие чиј косопственик може да станете и Вие.
Услуги што ги нуди Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“
Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ ќе развива електромотори користејќи ја иновативната патентирана технологија на комбинирани намотки наречена „Славјанка“. Развојот на електромоторот ќе биде во склад со потребите на клиентот.
Во ова се вклучени неколку основни фази:
• изработка на технички спецификации според потребите на клиентот,
• проектирање на електромоторите,
• спроведување на потребните тестирања во лабораторија,
• производство на пилот-серии на мотори,
• приказ на можноста за сериско производство на моторите
• и решавање на многу други задачи.
Освен самиот развој на моторот, „Совелмаш“ ќе обезбеди и воспоставување на производство. Со други зборови, ќе воспостави сериско производство на моторите во погоните на компанијата која ги нарачала. Потоа таа компанија ќе може самостојно да ги произведува електромоторите што биле развиени и дизајнирани за неа.
Како што гледате, услугите за развој и за производство на иновативен производ се сложени и се состојат од повеќе фази, и од таа причина се скапи. Претпријатието ќе може да реализира до три нарачки годишно, во зависност од степенот на сложеност.
Кои се идни клиенти на „Совелмаш“?
Прво, тоа се компании што произведуваат индукциски електромотори или опрема за нив, и што сакаат да имаат голема предност над своите конкуренти на пазарот. „Совелмаш“ ќе може да развива мотори со најширока примена: за станбени и комунални услуги, индустрија, транспорт, медицина и др. Според тоа, станува збор за многу широк спектар на потенцијални клиенти.
Зошто има побарувачка за услугите што ги нуди „Совелмаш“?
Секој голем произведувач сака неговите мотори или опрема да имаат предност во однос на конкуренцијата. „Совелмаш“ нуди мотори кои трошат 40% помалку енергија, и имаат поголема моќност и сигурност од нивните аналози. Истовремено, за нивното производство се потребни 30% помалку материјали. Побарувачката за вакви мотори брзо расте.
Најголемиот светски пазар на електромотори — Кина — покажа ценење за технологијата на комбинирани намотки. Оваа земја веќе произведува возила засновани на „Славјанка“. Во 2022 год., „Совелмаш“ почна да организира масовно производство на електрични алати со погон од сопствен дизајн.
Речиси секој ден компанијата преговара со потенцијални клиенти. Веќе се постигнати прелиминарни договори за соработка, чии детали не се откриваат бидејќи се деловна тајна. Останува само изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг да се доврши за тоа да почне да прима нарачки. Се планира изградбата да биде завршена во 3. тримесечје од оваа година.
Потоа инвеститорите во проектот ќе можат да добијат дивиденди од профитот на компанијата или да заработат од продажба на своите удели.
Одлучете дали сакате да станете косопственик на „Совелмаш“ или да го зголемите својот удел во оваа компанија. Ве потсетуваме дека, колку порано инвестирате толку поголема заработка ќе имате, бидејќи цената на инвестициските удели расте. Во споредба со почетокот на проектот во 2017 год., таа порасна за повеќе од 5 пати.