Резултати од средбата со раководството на посебната економска зона „Технополис Москва“
Минатата седмица, комисија предводена од генералниот директор на „Технополис Москва“, Генадиј Дјогтев, беше во посета на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“. Потоа раководството на посебната економска зона одржа средба со жителите на која се дискутираше за изградбата, исполнувањето на условите од договорот, инвестициските планови и за покренувањето на производсвото.
Дмитриј Дујунов го изјави следново во врска со резултатите од средбата: „Со оглед на тоа што влеговме во активна фаза на изготвување на барањето за завршеток на изградбата, од нас се бара да го кажеме датумот кога ќе започнеме со производство. Бидејќи не им е лесно да ги увидат специфичностите на работата на Бирото, го користат изразот 'почеток на производството'. Целниот датум за отпочнување со производство е крајот на јули“.
Производството ќе започне со три модели на аголната брусилка, за кои правовремено беа добиени сертификати.
Освен тоа, компанијата „Совелмаш“ сега е спремна да исполнува нарачки за некои модели на електромотори со комбинирани намотки:
• мотори кои се разладуваат со вода во тешки услови за работа на високи температури,
• вградени индукциски мотори без четкички заедно со фреквенциски конвертор,
• мотори на уреди за развој на монокристални материјали.
Освен тоа, „Совелмаш“ прифаќа нарачки за стругање, глодање и ласерско сечење. Добиените средства ќе бидат искористени за да се забрза изградбата и да се пушти претпријатието во работа.
Ако познавате клиенти на кои им се потребни услугите или производите на „Совелмаш“, ве молиме пренесете им ги овие информации. Доколку имате прашања во врска со нарачките, стапете во контакт со Александар Сударев:
• sudarev@sovelmash.ru,
• +7 (926) 053-62-16.
Работата на градилиштето и во производствените погони е во полн ек. Се произведуваат опрема и делови за електромотори. Во Бирото веќе беа уредени шеснаесет работни места, кои беа пополнети со вработени на „Совелмаш“.
Во тек е и завршното внатрешно уредување и работата на внатрешните комунални мрежи. На 15 март, на сметките на „Совелмаш“ беа префрлени уште 21 милион рубљи, што изнесува вкупно 44 милиони рубљи во првата половина од месецот.
Тие средства ќе послужат за плаќање на материјалите и работата на вториот кат од производствениот дел од зградата. Таму треба да се доврши подниот естрих и да се стават подни облоги.
Сега има голема потреба да се забрза финансирањето за да се заврши изградбата на Бирото што е можно поскоро и да се покрене производството во планираниот рок. Секоја ваша инвестиција веднаш се искористува и помага да се забрза процесот!