Резултати од патувањето на Андреј Лобов во Северна Македонија
Андреј Лобов, раководител на производственото претпријатие „Ресурс“, и партнерите на SOLARGROUP тестираа бродски мотор со комбинирани намотки „Славјанка“ и одржаа неколку деловни средби во Северна Македонија.
Во канцеларијата на градоначалникот на Охрид, тие имаа средба со локалните екологисти кои се загрижени поради загадувањето на Охридското Езеро со емисии од чамците кои имаат мотори со внатрешно согорување. На средбите што беа одржани потоа, присуствуваа рибари и бизнисмени од Охрид, кои порано немаа ефикасна замена за чамците со бензински мотори, но сега имаат.
Андреј Лобов им зборуваше за чамци со електромотор DA-95S. Учесниците на средбата имаа прилика да се повозат со ваков чамец, тестирајќи го бродскиот мотор заснован на „Славјанка“ на сопствени кајчиња.
Главниот заклучок од средбата е: во Македонија ќе биде реализиран проект со соларни чамци. Во текот на зимата, партнерите на SOLARGROUP ќе опремат кајче долго шест метри со мотор заснован на „Славјанка“ и на него ќе постават соларни панели.
Андреј Лобов со увереност изјави: „Следната туристичка сезона, во Охрид ќе се развезуваат туристи со еколошки соларен чамец на кој ќе биде инсталиран бродски мотор од претпријатието „Ресурс“. Можеби ќе имаме време да опремиме и поголем чамец со стационарен мотор, кој тимот на производственото претпријатие „Ресурс“ веќе почна да го дизајнира“.
По пристигнувањето на Андреј Лобов, партнерите на SOLARGROUP одржаа неколку конференции во разни градови во Северна Македонија.
На 10 ноември во Битола, на 11 ноември во Охрид и на 13 ноември во Скопје. Присутните на овие настани поставуваа многу технички прашања, и сакаа да дознаат нешто повеќе за изградбата на Бирото „Совелмаш“ и за тоа како можат да се купат инвестициски пакети во рамките на проектот.
Прочитајте нешто повеќе за тестирањата на електричниот чамец во Северна Македонија.