Резултати од седмицата во проектот „Моторите на Дујунов“
Новости за Бирото „Совелмаш“
Минатата седмица „Совелмаш“ продолжи со подготовките за пуштање на претпријатието во работа и за покренување на сериското производство.
• Стучњаците почнаа да ја склопуваат периферната опрема која е потребна за машината за лиење на алуминум под висок притисок.
• Започна процесот на пуштање во функција на машината за вбризгување во калапи — беше извршено првото полнење на машината со суровини.
• Машината за печатење беше преместена на своето место во работилницата.
• Продолжи склопувањето на машината со пет оски.
• Во Бирото беше испорачан калапот за изработка на електромагнетниот систем на аголната брусилка со кој можат да се изведуваат седум операции, како и опремата за лиење на алуминиумските делови на аголната брусилка.
• Беа изработени полупроизводи кои ќе послужат како суровини за изработка на финалните производи на „Совелмаш“.
Добивање акции
Функцијата добивање акции во бек-офисот беше покрената за Франција, Белгија, Луксембург и Француска Гвајана. Сега постапката за претворање на инвестициските удели во акции е достапна за вкупно 102 земји.
Тековни промоции
Книга на инвеститори. Испишете го Вашето име на посебна страница во Книгата на инвеститори во проектот „Моторите на Дујунов“ така што ќе купите специјален пакет. Промоцијата ќе трае сѐ додека Бирото „Совелмаш“ не биде пуштено во работа.