Резултати од седмицата во проектот „Моторите на Дујунов“
Изградба на Бирото „Совелмаш“
• Компанијата „Совелмаш“ доби дозвола за снабдување со струја од електричен вод со 10 kV, која беше издадена откако беа отстранети забелешките на техничкиот надзор. Ова е многу важен чекор за добивање на сертификат за завршување на изградбата.
• Беше отстранет заштитниот слој на асфалт, по што ќе следува рамнење и набивање на тлото пред да биде излеан последниот површински слој.
• Беше поместена оградата на градилиштето за да може да биде поставена според планот на проектот.
• Беа монтирани и влезните врати, и беа подготвени сите комуникациски мрежи за поврзување на автоматизираните системи.
• Поставени се четири станици за полнење на електрични возила.
• На градилиштето пристигнаа проѕирните панели од кои ќе биде направен ѕидот за заштита од бука.
• Напредува и уредувањето на теренот: се садат дрвца црвен јавор, се поставуваат рабниците и се вршат други активности.
• Во самата зграда, активно се работи на горните катови. Таму се поставуваа опремата за вентилација, електроинсталацијата, трајното осветлување, контролните автоматски табли, итн. Внатрешното уредување влезе во завршна фаза.
• Канцеларијата за сметководственото одделение се подготвуваше за сместување на персоналот.
• „Совелмаш“ ја започна завршната фаза на преселба од изнајмените простории во Бирото.
Производи дизајнирани од „Совелмаш“
• Беа водени преговори за изработка на погон кој би бил замена за увозен погон, како и опрема за негово производство во интерес на автомобилската индустрија. Беше зацртан распоред, и беа утврдени првите чекори во овој правец.
• Продолжи работата на моторот за квадрокоптерот „Молец“. Започна монтажата на шасијата и формирањето на крилата.
• Се работеше и на германскиот влечен мотор кој се лади со вода. Намотувањето е завршено.
Вебинар на SOLARGROUP
На 5 јуни, во 17:00 часот по московско време, ќе се одржи директен пренос со раководството на SOLARGROUP. Сергеј Семјонов, Павел Филипов и Сергеј Шевченко ќе зборуваат за новостите и плановите, ќе ги сумираат досегашните резултати и ќе дадат одговор на Вашите прашања.
Регистрирајте се на следниов линк.
Тековни промоции
Да Ве потсетиме на промоциите кои ќе Ви помогнат да извлечете уште поголема корист од инвестирањето во проектот.
• 5% попуст за предвремени уплати од најмалку 100 $ заклучно до 31 јули.
• Пријателски промотивен код за 10% бонус удели при купување нов пакет до крајот на фаза 19.
Во бек-офисот има информации за сите промоции достапни во проектот.
Искористете ги, и инвестирајте со максимални поволности!