Резултати од седмицата во проектот „Моторите на Дујунов“

Резултати од седмицата во проектот „Моторите на Дујунов“

Изградба на Бирото „Совелмаш“

Минатата седмица, активно се работеше на разни места на градилиштето, и секојдневно пристигнуваа добри вести!

• Работата на трајното спроведување на електричната енергија е речиси завршена, и се отстрануваат последните забелешки на техничкиот надзор.

• Привршува обемната монтажа на разладниот систем во зградата. Се изведуваше топлинската изолација на цевките во разладните кули. Беа поставени и прицврстени приемници. Во разладната хала беше додаден последниот менувач на топлина.

• Поставувањето на цевоводите за ладење продолжи на вториот кад во производствениот дел од зградата. Обемот на работа што се изведуваше во Бирото е без преседан. Истовремено работеа и до 150 лица, а работата не престануваше дури и во текот на викендите.

• Од приземјето, завршното внатрешно уредување се префрли на првиот кат во административниот дел од зградата.

• Продолжи поставувањето на темелите на ѕидот за заштита од бука кој ќе биде изграден на границата на локацијата на „Совелмаш“ и градинарското претпријатие.

• Беа поставени и приклучени станиците за полнење на електрични возила.

• Беа засадени дрвја на рабовите на локацијата. Планот за садење на дрвјата сега е целосно реализиран според планот!

• Започна отстранувањето на привремениот заштитен слој на асфалт кој зимоска беше поставен пред фасадата на Бирото.

• Започнаа работите на подрачјето на вториот приклучок на ладната вода.

Производи дизајнирани од „Совелмаш“

• Уште еден дел на „модулаторот“ сега се изработува со високотехнолошка производствена метода. За оваа цел беше изработена посебна опрема. Претходно овој дел беше острен и глодан од алуминиумска прачка, а трошоците за оваа постапка беа отромни.

• Беа вградени комбинирани намотки на германски влечен мотор за електричен автобус.

• Продолжи монтажата на моторот за пропелери на квадрокоптерот „Молец“. Започна производството на уште еден дел. Почна монтажата на шасијата.

Ажурирања во бек-офисот

• Беше покрената функцијата за идното акционирање во „Совелмаш“ на членовите на Клуб 1000. Оваа категорија на инвеститори сега има можност да испрати барање за акционирање. Ваквиот пристап во фази е неопходен за да се тестираат сложените обележја на оваа функција и за да може одговорно да се пристапи кон нејзиното покренување за голем број корисници.

• Беше ажурирана навигацијата во бек-офисот. Во мобилната верзија сега можете веднаш да ги видите главните делови во менито во долниот дел на екранот за побрз пристап. Десктоп верзијата има покомпактно мени, и сега можете да ги проширите ставките во менито и да ја отворите директно потсекцијата што Ви треба.

Тековни промоции

Да Ве потсетиме на промоциите со кои можете да инвестирате уште поповолно во проектот

.• 10% попуст на уплати од најмалку 100 $ за предвремено отплаќање заклучно до 31 мај.

• Код за пријателски бонус за 10% бонус удели при купување нов пакет, до крајот на фаза 19.

Информации за сите промоции во проектот се достапни во бек-офисот.

Искористете ги и инвестирајте со максимални поволности!

ИНВЕСТИРАЈТЕ