Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“
Изградба на Бирото „Совелмаш“
Минатата седмица се работеше на вградување на системот на вентилација и на другите комунални мрежи, а продолжи и внатрешното уредување на неколку катови. Во тек беа и многу други активности.
• Се изведуваше заварување на цевките и на цевоводот на колекторот во постројката за разладување.
• Беше поставена смарт-фолија на прозорците во изложбениот салон во административната зграда.
• Беше извршена завршната обработка на таванот над влезниот еркер во административниот дел на зградата, и беше завршено поставувањето на надворешното осветлување.
• Беше поставено осветлувањето во погонот во кој моментално работат проектантите.
Производи дизајнирани од „Совелмаш“
• На сопствена опрема, беше произведено куќиште за електромотор на квадрокоптер (вид на дрон).
• Првиот регулатор за аголна брусилка беше изработен во посебна печка. Квалитетот на залемување на составните делови е добар.
• Беше пуштен во функција универзален тежок струг.
• Беа испорачани нови материјали и опрема.
Вашите инвестиции помагаат да се забрза изградбата на Бирото „Совелмаш“ и пуштањето на претпријатието во работа, и го приближува времето за добивање дивиденди. Во март има поволни промоции за сите категории на инвеститори. Нешто повеќе за овие понуди можете да дознаете на следниов линк.