Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“
Сите главни настани во проектот се одвиваа на градилиштето на „Совелмаш“.
Надвор од објектот, земјените работи поврзани со поставувањето на комуналните мрежи беа во завршна фаза и уредувањето на теренот беше во полн ек:
• започнаа подготовките за поставување на цевките за ладна вода покрај десната страна од објектот,
• беше ископана длабока јама, која беше зајакната за да се олесни бушењето под патот и поврзувањето на системот за атмосферска канализација со централната мрежа на посебната економска зона,
• продолжи асфалтирањето, како и обликувањето на влезовите и степениците,
• привремената ограда беше размонтирана и започнаа подготовките за поставување на трајна ограда,
• во некои делови започна уредувањето на тревниците.
Во зградата на Бирото за проектирање и инженеринг се извршуваа следниве работи:
• се поставуваа цевките за топла вода,
• во лабораторијата на Бирото се инсталираа радијаторите за греење,
• се монтираше вентилацискиот сиистем,
• во тек беше и поврзувањето на цевките на топловодната станица,
• беше пуштен во функција и системот за видео-надзор,
• енергетските високонапонски кабли беа поврзани со трансформаторите,
• започна монтажата на разводната единица од 10 kV,
• Беше извршена проверка на непропустливоста на цевките од автоматскиот противпожарен систем,
• продолжи уредувањето на ентериерот.
Освен градежните работи, во Бирото „Совелмаш“ продолжи пуштањето во погон и приспособувањето на автоматизираната производствена лента за индустриски мотори со општа намена во погонот за леење, како и работата на производството на аголната брусилка.
Многу е важно да се завршат земјените работи и уредувањето на теренот пред за настапи ладното време, бидејќи тие задачи не можат да се изведуваат во студениот дел од годината. Исто така, важно е да се пушти греење во зградата.
Колку побрзо е темпото на инвестирање сега, со толку поголема увереност „Совелмаш“ ќе може да ја дочека зимата. Од таа причина, во проектот моментално тече промоцијата „Ви благодариме“. Искористете ја за да инвестирате под најповолни услови и за да ја забрзате изградбата!