Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Резиме на новостите од градилиштето на „Совелмаш“

• Завршено е ставањето на бетонската кошулица на приземјето во административната зграда. Оваа работа продолжува на приземјето во производствената зграда.
• Во ходниците со скали се поставуваа радијатори.
• Беа заварувани делови од цевките на автоматскиот противпожарен систем.
• Од левата страна на зградата се довршуваше отстранувањето на бетонските плочи од привремените патишта.
• Продолжија земјените работи. Се изведуваше хидроизолација на каналите за топловодот, и стариот топловод беше споен со новиот.
• На рампата беше истоварена уште една серија на асфалтен бетон, и беше излеан првиот слој.
• Започна поставувањето на рабниците.
• Дождовите многу го искомплицираа уредувањето на теренот околу објектите, и привремено го спречија поврзувањето на атмосферската канализација со централниот колектор. Водата на градилиштето мораше постојано да се испумпува.

Освен работата на градилиштето, компанијата „Совелмаш“ продолжи со развој и со производство на машински делови и алати, а работеше и на аголната брусилка.

Го ажуриравме прегледот на проектот така што додадовме видео за напредокот на изградбата на Бирото, како и подетални информации за фазите на финансирање. Погледнете го на следниов линк.

Според одбројувачот во прегледот на проектот, треба да се соберат помалку од 8 милиони долари за да заврши финансирањето. Заедно можеме да го постигнеме тоа побрзо и да собереме повеќе средства! До 15 август, во тек е промоцијата „Ви благодариме“, со која ќе можат да се соберат средствата кои се потребни за да се завршат главните градежни работи пред да настапи ладното време. Оваа промоција е поволна за апсолутно секој инвеститор во проектот.

Побрзајте да ја искористите и да добиете многу бонус удели!

УЧЕСТВУВАЈТЕ