Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Минатата седмица, на разни делови од градилиштето на „Совелмаш“ се извршуваше обемна работа.

Теренот зад зградата се рамнеше и се подготвуваше за асфалтирање.

Се работеше и на поставување на заземјувањето. Беше изграден привремен пат и беа завршени сите приклучоци за водоснабдување. Наскоро се планира да се започне со спроведување на Интернет и на сите нисконапонски мрежи.

Се изведуваа работи кои ќе помогнат да се осигура стабилен електричен напон во зградата.

Беа испорачани и истоварени радијаторите за греење.

Интензивно се извршуваа и земјени работи. Се поставува носачи и се затрупуваа со песок. Веќе можат да се видат и канализациските шахти, компензаторите и целосно монтираната хидроизолирана комора низ која ќе се спроведува топлина.

Во меѓувреме, во административниот дел на зградата:

— на приземјето продолжува поставувањето на внатрешни стаклени прегради и профили; во тек се и завршните работи во ходниците со скали;
— на првиот кат започна работата на системот греење, беа ставени плочки на мезанинот и електричните мрежи беа речиси довршени;
— на вториот кат беше завршено поставувањето на системот за греење и електроинсталацијата.

Погледнете го видеото за повеќе детали во врска со напредокот на работата.

Дмитриј Дујунов изјави дека 23 јуни е пресвртница: по неколкумесечна обемна и напорна работа поврзана со поставувањето на комуналните мрежи, конечно првата од нив (канализацијата) е доведена до местото каде што треба да се приклучи.

Ве потсетуваме дека сега имате можност да купите удели во идното претпријатие под поволни услови. Во јуни се достапни 11 промотивни понуди за инвеститорите, во кои спаѓаат:

почетен бонус — Ви подаруваме 25 $ за Вашата прва инвестиција,
пријателски бонус — два промотивни кода за 10% бонус инвестициски удели,
„Минус една фаза на пакетите за деца“.

Во секое време може да дознаете нешто повеќе за овие и за уште 8 други промоции за инвеститорите во делот „Промотивни понуди“ во бек-офисот.

SOLARGROUP продолжува да одржува конференции и офлајн настани низ целиот свет — ваквите големи настани привлекуваат најголем број учесници во проектот и обезбедуваат одржлив развој на проектот во тие региони. Оваа седмица, Павел Филипов, раководителот на одделот за маркетинг и односи со јавност, ги сподели резултатите и своите впечатоци од посетата на делегацијата на SOLARGROUP на Еквадор. Погледнете го видеото за да дознаете повеќе детали.

Активните учесници во проектот и партнерите на SOLARGROUP во Абиџан исто така ги споделија своите впечатоци за „Моторите на Дујунов“. Погледнете што имаа да кажат во ова видео.

Во текот на целата седмица, тук-тукот Bajaj Maxima со мотор со комбинирани намотки „Славјанка“ го продолжи своето патување низ Казахстан. Наскоро ќе можете да го гледате новиот видеопреглед а, во меѓувреме, претплатете се на каналот за да дознаете нешто повеќе за авантурите на нашиот тук-тук.

Настаните во проектот се развиваат брзо и динамично — бидете во тек! И не заборавајте: секој од вас може да влијае врз темпото на реализација на проектот со тоа што ќе купи или ќе зголеми тековен инвестициски пакет.

ИНВЕСТИРАЈТЕ