Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Минатата седмица, во Бирото „Совелмаш“ активно се подготвуваше за пуштање во погон автоматизираната производствена лента. Се планира таа да биде пуштена во работа во јуни, кога треба да започне и производството на првата серија мотори со комбинирани намотки.

На локацијата покрај Бирото се расчистуваше вишокот земја и непотребните материјали за да може да се започне со асфалтирање. Патеката беше демонтирана.

Беа изведени приклучоци за заземјување за да можат да се постават цевките за довод на електрична струја.

Внатре во зградата привршува поставувањето на лифтовите, а се завршуваат и ходниците со скалите.

За да дознаете како напредува работата, погледнете ја видео обиколката на различни делови од градилиштето во која нè води Дмитриј Дујунов.

На 14 јуни, на градилиштето беа испорачани опрема и огноотпорни стакла.

Во тек е завршната работа на вториот кат од административната зграда каде што се монтираат профилите во кои ќе бидат поставени проѕирните внатрешни прегради.

Започна нова фаза во изградбата — поставување на внатрешните комунални мрежи. За повеќе информации, гледајте го видеото на следниов линк.

Исто така, во зградата на Бирото беше спроведено генерално мокро и суво чистење, во кое беше вклучено и чистење на ѕидовите.

Интензивно се изведуваат и други активности: хидроизолација, бетонирање, подготовка за водоснабдување на објектот, итн.

За повеќе информации во врска со работата на системот за водоснабдување, погледнете го интервјуто со претставникот на подизведувачот на „Совелмаш“.

Најобемната работа се одвива континуирано, и може да дознаете нешто повеќе за неа во ова видео.

Во меѓувреме, во проектот трае промоцијата „Минус една фаза на пакетите за деца“ заклучно до 30 јуни. Побрзајте да се запознаете подетално со условите за да поставите добар финансиски темел за Вашите деца.

За инвеститорите и за партнерите има и други промотивни понуди со цел секој од Вас да извлече максимална корист — и да се забрза реализацијата на проектот. Изберете ја понудата што Ви одговара Вам и добијте бонуси.

SOLARGROUP продолжува да одржува настани низ целиот свет и го зголемува бројот на учесници и поддржувачи на проектот „Моторите на Дујунов“. Погледнете го видеото за да видите како се одвиваа работите во Латинска Америка.

Освен тоа, завршува првата седмица од трката Solar Race 2023, во која учествува возилото тук-тук со мотор заснован на „Славјанка“. Не заборавајте да му дадете поддршка на нашиот тим! Сега натпреварувачите минуваат низ првата фаза чија цел е космодромот во Бајконур — сите информации за трката се наоѓаат на каналот.

Настаните во проектот се развиваат брзо и динамично — бидете во тек!

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ