Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Во текот на минатата седмица, изградбата на Бирото за проектирање и инжинеринг се одвиваше како и вообичаено. Во внатрешноста на зградата, градежниците работеа на одделни простории, на електричната инсталација и на други задачи. Надвор од зградата, продолжи поставувањето на инжинерските мрежи.

Нов предизвик што го донесе пролетта е наглото топење на снегот на покривот. Тимот се подготви предвреме за ова. Водата од стопениот снег веднаш се спроведува до бунар на градилиштето, и оттаму се испумпува во земјата и во системот за атмосферска канализација на посебната економска зона (ПЕЗ) „Технополис Москва“.

На ТВ-каналот Business 24, беше емитувана репортажа за отворањето на претставништво на SOLARGROUP во Брегот на Слоновата Коска. Може да ја гледате на француски јазик на следниов линк.

Новинарите ги интервјуираа главните раководители на SOLARGROUP, како и националниот и водечките партнери на компанијата во Брегот на Слоновата Коска. Веќе постои редовна соработка со локалната телевизија, и тоа помага за промовирањето на проектот.

Во бек-офисот сега постои опција да купите удел во „Совелмаш“ за Вашите деца. За да го сторите тоа, треба да купите посебен пакет за деца. Станува збор за инвестициски пакети кои имаат иста номинална вредност и попусти како и стандардните пакети. Единствената разлика е што таквите пакети не се регистрирани на Ваше име, туку на име на Вашите деца. Кога Вашето дете ќе стане полнолетно, ќе може да се верифицира во бек-офисот, и инвестициските удели ќе преминат во негова сопственост. Може да најдете повеќе детали во бек-офисот ако кликнете овде.

Следете ги нашите новости и бидете во тек со напредокот на проектот!

ПОВЕЌЕ НОВОСТИ