Историјата се повторува: конструирањето на цепелини веќе беше популарно| Кој празник е денес?🎉
Дознајте нешто повеќе за цепелините.
Денес, 20 ноември, е Ден на советскиот цепелин, празник посветен на историјата и достигнувањата во изградбата на цепелини во СССР. На овој ден се одбележуваат постигнувањата на советските инженери и проектанти во областа на аеронаутиката. Ова нѐ потсетува на улогата што ја имаа цепелините во истражувањата на Арктикот, во развојот на транспортните системи, во авијацијата и во науката.
Во есента 1930 год., се случија два значајни настана: воздушниот брод „Цепелин“ за првпат ја посети Москва, и беше направен првиот пробен лет на советскиот цепелин СССР В-4 „Комсомолскаја правда“. По овие настани, изградбата на цепелини зеде замав низ целиот Советски Сојуз! Советските граѓани беа повикани да изградат силна „народна“ флота на цепелини — Ленинова ескадрила. Медиумите, слично како и денес, им објаснуваа на луѓето дека цепелините се најнапредно средство за комуникација и транспорт, и дека затоа мора да се конструираат😉
Сѐ беше успешно! Во текот на првиот месец од сојузната акција беа собрани: 429.582 рубљи и 3 копејки, 1 златник, 3 илјади италијански лири, 150 рупии, 10 илјади јапонски јени, 43 германски марки, 8 долари, 6 шведски круни, 81 данска круна, 13 фински марки, 1 персиски томан и „различни други валути“.
Историјата се повторува. Во Советскиот Сојуз, цепелините имаа најразлична примена, вклучувајќи го цивилното воздухопловство, воени операции и научни истражувања. А денес, целта на цепелините од новата генерација е да го променат текот на историјата така што ќе направат технолошка револуција во развојот на современиот воздушен транспорт.
Ви посакуваме сѐ најубаво, драги пријатели!