Среќен сум што не пропуштив такви луѓе и таков проект | Приказната на партнер на SOLARGROUP — Александар Минко
Се викам Александар Минко. Јас сум од Москва (Русија). Имам завршено факултет. Работам како претприемач, исто така сум инвеститор, а порано се занимавав со DCP (Digital Cinema Package — дигитална технологија за прикажување на филмови во кино).
Инвестирав и заработував од 2.000 до 5.000 $. Овој приход ми беше доволен да се издржувам и да продолжам да инвестирам.
Не бев задоволен кога гледав дека добрите проекти немаат поддршка од државата, од олигарсите и од бирократите!
Дознав за проектот „Моторите на Дујунов“ во мај 2017 год. од Сергеј Семјонов на еден вебинар. Од јуни 2017 год., SOLARGROUP ја докажа својата издржаност и посветеност на целта: финансирање на компанијата „Совелмаш“! Верувам дека тоа е мисијата — да се спроведе народен проект со помош на механизмот на крудинвестирање.
Во SOLARGROUP се запознав со луѓе кои навистина се заинтересирани за реализација на проектот „Моторите на Дујунов“.
Потпишав договор за партнерство веднаш во јуни 2017 год. Главната причина да донесам ваква одлука беше Дмитриј А. Дујунов, одличен деловен раководител, иноватор, организатор и човек што знае како да собере тим за да работи на толку голема задача како што е изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“.
Мојата прва цел беше да организираме конференција на SOLARGROUP во Серускиот изложбен центар на 24 јуни 2017 год., и навистина успеавме во тоа! На конференцијата имаше повеќе од 250 присутни.
Како и секогаш, ги поканив пријателите, колегите, учесниците во други проекти и компании. Така започна развојот на мојот тим.
Заклучокот е јасен: ако сакаме, ние можеме да изградиме не само компанија, туку и држава!
Првите резултати беа видливи веќе следниот ден по конференцијата. Постигнав брзо резултати благодарение на довербата на луѓето со кои ја организирав првата конференција на SOLARGROUP.
Моите следни чекори беа инвестирање, покана на нови партнери и дуплирање.
Во партнерскиот бизнис секогаш има ист предизвик: како уверливо да се пренесат информациите за проектот, за можностите што тој ги нуди и за резултатите. Затоа мојот главен принцип е: дуплирај, дуплирај и повторно дуплирај!
Целиот приход од SOLARGROUP повторно го инвестирав во проектот. Тоа ни овозможи мене, на мојата сопруга, на синот, како и на сестра ми и мајка ми (која има 87 години!) да станеме инвеститори.
Мојот ментор ми даде можност да се докажам така што ми го довери организирањето на првата конференција на SOLARGROUP. Сега јас му давам поддршка на мојот тим, заедно им пренесуваме информации за „Совелмаш“ и за SOLARGROUP на други луѓе, и регистрираме нови учесници во овој прекрасен проект.
Воодушевен сум од крудинвестирањето како алатка, восхитен сум од луѓето на кои им е важна иднината на земјата и на светот. Среќен сум што не пропуштив такви луѓе како Дмитриј Дујунов и таков проект како „Моторите на Дујунов“!
Благодарен сум му на Сергеј Семјонов и на Павел Филипов што ги сослушаа и прифатија моите предлози во почетокот на јуни 2017 год. во текот на нашиот разговор во канцеларијата во Тула. Им благодарам на сите партнери од мојот тим, иако многумина од нив не ги познавам лично!