Се гордеам што учествувам во проектот |Приказна на партнерот на SOLARGROUP — Issa Basse Orou Toure
Се викам Issa Basse Orou Toure. Живеам во Параку (Бенин). Дипломирав на факултетот за природни науки. Но, работам како службеник во полиција.
Еден полициски службеник заработува околу 127.000 CFA франци. Со тој приход едвај се покриваат трошоците на семејството.
Во 2020 год., дознав за SOLARGROUP од еден колега во полицијата. Се уверив дека станува збор за сериозна и перспективна компанија, бидејќи нејзината дејност е насочена на создавање нова генерација на електромотори. Електромоторите веќе ги менуваат светските пазари. Компанијата полека но сигурно се движи кон својата цел. Има свои претставници низ целиот свет. Ниту најтешките околности, како што беше пандемијата COVID-19 или политичките конфликти, не успеаја да ја спречат реализацијата на овој прекрасен проект!
Имав средби со неколку национални партнери, вклучувајќи го и Жил Вебер, кој едноставно е неуморен!
Во 2020 год., го потпишав договорот за партнерство со SOLARGROUP. И многу сум задоволен поради тоа. На времето немав прилика да бидам во првите редови на партнерите на Фејсбук, Амазон, Гугл, или биткоин. Но, сега станувам еден од нив бидејќи сум во првите редови на проектот „Моторите на Дујунов“. На моја иницијатива, многу мои пријатели се придружија во проектот!
Мојата главна цел е да се зачува природната средина и со текот на времето да се исфрлат од употреба моторите кои емитираат токсични гасови. Освен тоа, се трудам да стекнам финансиска независност.
Со тоа што им кажувам на сите за SOLARGROUP, научив да давам обука. Стекнав вештини на полето на маркетингот. Првпат постигнав забележителни резултати кога многу клиенти почнаа да инвестираат. Ова го постигнав така што одржував вебинари.
И понатаму ги објавувам достигнувањата на компанијата. Уште од самиот почеток па сѐ досега, соработувам со нејзините локални претставници, и ги вклучувам нивните вебинари во моите содржини.
Тешкотиите на партнерскиот бизнис во мојата земја се сведуваат на ниската куповна моќ на населението и на слабата информираност за ваков вид проекти. Сум слушнал многу обесхрабрувачки зборови од потенцијалните клиенти! Овие предизвици ме научија да бидам истраен.
Ми се допаѓа принципот на усно пренесување на информациите, како и мрежниот маркетинг кој им помага на другите да растат. Мојот ментор Finagnon Jacques Kiki многу ми помогна, меѓу другото, и со верификацијата. А сега јас им помагам на луѓето.
Моментално работам на тоа да стекнам статус „Мастер“, и да ги застапувам идните производи во Африка!
Ме инспирира срдечната тимска атмосфера. За мене, овој проект е пат до финансиска слобода, го сакам и се гордеам што учествувам во него.
Би сакал да им се заблагодарам на компанијата и на тимот за нивното водство и менторство. Исто така сум им благодарен на моите партнери кои продолжуваат да инвестираат во проектот.