Фото-преглед на градилиштето
Изгледот на Бирото „Совелмаш“ се подобрува од ден во ден! На фотографиите може да ги видите и деловите каде што работата е завршена или речиси завршена, и оние на кои работата е во полн ек.
• Лифтовите во приземјето на административната зграда го попримија конечниот изглед.
• На надворешниот дел од предниот влез се местат гранитни плочки.
• Во тек е излевањето на бетонските темели на ѕидовите за заштита од бука.
• Завршено е поврзувањето на разладните кули, кои се дел од системот за ладење на зградата. Сега се на ред тестирањето на притисокот и топлинската изолација, а потоа следува местење на оградата и на натстрешницата.
• Се поставува вентилација во објектите со посебна намена.
Истовремено се работи на развојот и подготовката за изработка на производи. На една од сликите се прикажани делови од нарачан мотор кој машински се обработува.
Благодарение на инвеститорите во проектот, може да се види оваа динамика на фотографиите. Сега е важно да продолжиме активно да ја поддржуваме изградбата со инвестиции за да може ова лето сите да го видиме завршениот инженерски центар во полн сјај!