Меѓусебната поддршка е неопходна за успех во партнерскиот бизнис | Приказна на партнерот на SOLARGROUP — Masoandro Zina Fara Lalao Rabemanambola
Се викам Masoandro Zina Fara Lalao Rabemanambola. Живеам во градот Амбатулампи (Мадагаскар). Јас сум магистер по трговија.
Предавав на приватни факултети, и држев часови во моето слободно време. Заработував од 40 до 50 долари месечно. Со тие пари можев да ги издржувам и да ги школувам моите три деца.
Но, имав многу долгови. Работев како роб. Понекогаш спиев само по три часа дневно. Децата честопати остануваа дома сами — воопшто немав време за семејството. И немав право на одмор.
По пандемијата со корона вирусот, маж ми остана без работа. Наскоро и јас ја изгубив работата бидејќи школите беа принудени некое време да се затворат. Заедно со децата, морав да се преселам кај моите родители, а маж ми остана во градот за да најде било каква работа. Мајка ми и татко ми живеат 70 километри јужно од главниот град, Антананариво. Останав без телефон, и морав да го позајмам од татко ми. Објавив неколку постови на Фејсбук, и спомнав дека барам работа на интернет. Барав информации, и директно контактирав преку пораки со луѓето што имаа ставено огласи.
За жал, повеќето беа само измами и губење време. Тоа беше премногу за мене. Сепак, не се откажав, и продолжив со потрагата.
Еден ден наидов на објава за SOLARGROUP од мојот иден ментор, Alexandre Gédéon Haba, и побарав повеќе информации од него. Во неговата порака стоеше: „Инвестирате 100 $, и плаќате месечна рата од 10 $“. Му напишав: „Вашиот проект е многу интересен, штета што немам пари. За мене е тешко да најдам дури и 10 $ месечно. Но, ако можам бесплатно да се регистрирам и да почнам да барам инвеститори за да ја проширам мојата мрежа, тогаш сум спремна да почнам“. Тој ми одговори дека такво нешто навистина е можно со SOLARGROUP.
Појдов во едно интернет кафуле, се регистрирав и ја презедов видеопрезентацијата на Жил Вебер и некои ПДФ-фајлови. Почнав да ја проучувам платформата. Го потпишав договорот за партнерство на 14 октомври 2020 год. Одново и одново ги гледав видеата и ги читав ПДФ-материјалите. По една недела, повторно контактирав со мојот ментор. Го замолив да ми помогне бидејќи немав време да ги следам сите новости на веб-страницата. Тој се согласи. Така креирав група за дискусија, и таму ги ставив моите линкови за препорака.
Производите што ги рекламира компанијата SOLARGROUP ќе донесат видливи промени во секојдневниот живот, и затоа сум нејзин партнер. Во оваа компанија запознав неверојатни луѓе. Може да постигнеме успех дури и ако тоа ни изгледало невозможно. Сфатив дека меѓусебната поддршка е неопходна за успех во партнерскиот бизнис.
Кога решив да станам партнер, требаше да ја сменам мојата секојдневна рутина за да поминувам повеќе време со децата. Сакав и порано да се зачленам во компании што се занимаваат со мулти-левел маркетинг, но немав пари за да го активирам моето членство. Освен тоа, барав нешто посебно. Компанијата SOLARGROUP е навистина уникатна.
Отако истражував малку на интернет, сфатив дека целта на проектот не е само да донесе заработка, туку и да се зачува животната средина со користење на иновативна технологија. Ова ме мотивираше да ја проширам мојата мрежа од партнери. Прво разговарав со мои сонародници, но никој не покажа интерес, дури ни маж ми. Тогаш го сменив пристапот кон работата. Излезе дека е полесно да се соработува со странци; тие барем не мислат дека долгорочните инвестиции се измама.
Почнав да предводам две групи, и да посветувам доста време на партнерскиот бизнис.
Повеќето луѓе сметаат дека инвестирањето во долгорочни проекти носи многу ризици. Многу е тешко да им се објасни дека можат да почнат да соработуваат со SOLARGROUP без никаква инвестиција. Овде јасно се гледа во што се инвестираат парите.
Направив грешка што го ставав насекаде мојот линк за препорака. Многу луѓе на Фејсбук мислат дека е доволно да се регистрираат со линк за препорака за да заработуваат со SOLARGROUP. Не сфаќаат дека партнерската работа е како секоја друга работа. Исправната одлука што ја донесов беше, пред регистрацијата, да објаснам што работи партнерот.
Првите резултати ги постигнав за 1,5 месец. Разговарав неколку минути со еден Африканец, а тој без многу размислување веднаш купи пакет од 100 $. Беше супер да се заработат 15 $ за неколку минути!
Моментално сум „Мастер“ и, благодарение на SOLARGROUP, добро заработувам. Успеав да станам инвеститор. SOLARGROUP е мојот главен извор на приход. Чувствувам дека сум на исправниот пат! Ова немаше да биде можно без поддршката од мојот ментор и без довербата од моите партнери.
Партнерите обично се загрижени за разликите во временските зони. Секогаш ги поттикнувам да ми кажат каква помош им е потребна. Имаат најразлични прашања, а за некои од нив треба повеќе да истражувам. Ги собрав партнерите на едно место за да си ги поедноставам задачите.
Некои луѓе не можат добро да ги разберат работите. Ќе ме прашаат нешто, и по неколку дена повторно ќе го постават истото прашање. Понекогаш ми треба цел час и повеќе за некому да му објаснам некоја работа. И така е од ден во ден.
За да постигнеме добри резултати во партнерскиот бизнис, мора да си помагаме. Колку помотивирани се Вашите партнери, толку поголем ќе биде Вашиот напредок.
Се посветив на партнерскиот бизнис со SOLARGROUP, и дадов отказ на работното место. Имам поголема мотивација да им помагам на партнерите и да работам за себе. А сега, со моите тековни приходи во SOLARGROUP, не им завидувам ни на владините службеници.
Благодарна сум му на мојот ментор бидејќи без него немаше да бидам таму каде што сум денес. Секогаш ме прашува како може да ми помогне. Неговата помош е навистина непроценлива!
Ќе се трудам со сите сили да им обезбедам на моите деца најголем можен удел во проектот.
Многу му се восхитувам на Жил Вебер. Неговата решеност и советите што ми ги дава ми помагаат да одам напред. Како „Претседател“, тој не престанува да им дава помош на своите партнери. Се трудам да работам со истиот став.
Сега можам внимателно да го следам школувањето и животот на моите деца. Можам да посветам повеќе време на семејството. Заработувам повеќе, а работам помалку од порано.
Голема благодарност до тимот на SOLARGROUP за помошта и поддршката што ја обезбедуваат во бек-офисот, и за новостите што ги објавуваат во официјалните извори на компанијата.
Им благодарам на моите партнери за нивниот труд и соработка, како и за нивниот професионализам. И бесконечно сум му благодарна на тимот во Нова Каледонија предводен од Christophe Person, кој неуморно работи. Без сите вас, немаше да бидам таму каде што сум сега. Благодарна сум му и на мојот сопруг за неговата безусловна поддршка!