Што ќе се случи ако Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ не биде завршено во третото тримесечје од 2023 год.?

Што ќе се случи ако Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ не биде завршено во третото тримесечје од 2023 год.?

Ова прашање му беше поставено на Дмитриј Дујунов во последната епизода од емисијата „Време за стручњакот“. Можните последици од непочитувањето на роковите за изградба се причина за загриженост кај мнозина инвеститори во проектот.

Според договорите склучени со посебната економска зона „Технополис Москва“, изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг треба да биде завршена во третото тримесечје оваа година. Дотогаш треба да се приклучат комуналните мрежи, да се пушти во работа опремата, да се довршат работите во внатрешниот дел на објектот и да се уреди локацијата.

За да се спроведе сето тоа, треба да се забрза финансирањето, кое сега е во рацете и во интерес на секој инвеститор во проектот.

Со моменталното темпо на инвестирање, тимот на „Совелмаш“ прави сè што е во негова моќ изградбата да се одвива како што е планирано. Компанијата е во контакт со управата на посебната економска зона, и ѝ дава седмични извештаи за напредокот на работата. Надлежните лица го гледаат напредокот на изградбата и знаат дека проектот го поддржуваат десетици илјади луѓе ширум светот.

Да се потсетиме дека тимот на Дујунов повеќе пати успешно се справи со такви потешкотии, иако многу компании не опстојаа. Изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг започна и продолжи во услови на пандемија, ограничувања, санкции и економска криза. И сега е пред самата цел.

Да. Според договорот со посебната економска зона, за прекршување на рокот на изградбата можат да следат санкции. Но, дали надлежните органи ќе имаат корист од тоа?

Дмитриј Дујунов истакна дека главна поддршка на проектот се инвеститорите: „Државата се граѓаните. А граѓаните го поддржуваат проектот и инвестираат. Мислам дека никој не би сакал да добива тужби од толку голем број граѓани“.

Погледнете го видеото за да го слушнете деталниот одговор на Дмитриј Дујунов на ова прашање.

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ