Што да правам со опцијата „Подарок на пријател“? | Работна методологија на партнерите 13 април, 2023
Опцијата „Подарок на пријател“ на Вашиот профил во бек-офисот е алатка која му помага на партнерот да оствари прв контакт со некој потенцијален клиент. Оваа алатка има повеќе предности:
• Почнувате со едноставни работи: му давате можност на клиентот самостојно да се запознае со клучните информации во бек-офисот.
• Почнувате со нешто што е корисно за клиентот: Вашиот пријател добива 20 $ на својата главна сметка, со што веднаш ја гледа својата корист.
• Почнувате со нешто убаво: добивате 5 $ на Вашата партнерската сметка за секое лице што ќе го поканите, и тоа влегува во првото ниво од Вашата партнерска структура.
Кому да му го испратам подарокот?
На познајници. Во ваков случај, пополнувате формулар во бек-офисот и ги внесувате податоците на некој пријател чиј имејл го знаете.
На луѓе што не ги познавате. Во ваков случај, Вашиот линк за препорака со подарок го генерирате на картичката „Генератор за линкови“, и можете да го додадете на која и да било новост за проектот што сакате да ја споделите на своите страници или во своите групи.
Кога да го испратам подарокот?
Кога сакате. Ако го испраќате на познајник, обидете се да испланирате време за да разговарате со него за проектот. На пример, сте му испратиле подарок наутро и сте му дале време да стекне прв впечаток. Во текот на денот, пишете му или јавете му се, и прашајте го дали го отворил линкот од известувањето што сте му го испратиле. Клучни зборови што може да ги користите: бесплатно е, сигурно е, без обврски е.
Дали е доволно само да го испратам подарокот и толку?
Не, не е доволно. Вашата задача е да го мотивирате да продолжи понатаму, да стане инвеститор или партнер. Затоа треба да му објасните на пријателот како да го искористи подарокот. Детални упатства се достапни овде.
Ако клиентот има прашања, одговорете на нив. Поставете му и Вие прашања. Прејдете со клиентот во фазата на препознавање на неговите потреби и на презентацијата.
Веќе знаете како да ги препознаете потребите на клиентот и како да подготвите презентација. И секогаш можете да ги проверите информациите во „Работната методологија на партнерите“.