Андреј Лобов зборуваше на универзитетот во Еквадор и спроведе експеримент со идните инженери
На 31 мај, во рамките на посетата на делегацијата на SOLARGROUP на Латинска Америка, технологијата „Славјанка“ беше претставена на една престижна високообразовна установа во Еквадор — Universidad Técnica de Ambato.
Андреј Лобов, раководителот на производственото претпријатие „Ресурс“, им се обрати на професорите, на деканот на универзитетот и на студентите по инженерство. Тој им ги покажа електромоторите со комбинирани намотки произведени од ASPP Weihai. На овој настан дојдоа толку многу учесници што едвај имаше место да стојат во салата резервирана за прикажување на моторите!
Андреј Лобов зборуваше за предностите и за практичната примена на технологијата во транспортот. Присутните можеа да слушнат на кои превозни средства ќе можат да се користат моторите засновани на „Славјанка“ во нивната земја, и како тоа ќе влијае на животната средина. Пред сè, беа спомнати возилата тук-тук и електричните автомобили. Технологијата овозможува користење на електричен превоз:
• во градовите за да се намали буката и загадувањето на воздухот,
• во заштитените подрачја каде што се забранети возила кои користат бензин,
• на големи надморски височини, каде што возилата кои имаат мотори со внатрешно согорување можат да работат само со прекини.
Во текот на настанот, Андреј Лобов спроведе експеримент: тој им предложи на студентите сами да го склопат моторот, објаснувајќи им дека поради патувањето немал време самиот да го стори тоа. На негово изненадување, студентите го склопија за само 10 минути! На тој начин, јасно беше покажано колку лесно ќе може да се работи со мотори засновани на „Славјанка“. Во својот говор, Андреј Лобов истакна дека во Еквадор има добри студенти кои ќе бидат одлични идни инженери, а тие ја поздравија оваа негова изјава со овации. И навистина е така! Овие идни инженери во Еквадор побараа дозвола да го вградат моторот што го склопија во електричен автомобил што самите го дизајнирале за да учествуваат во еден натпревар. Наскоро, новиот електричен автомобил со мотор заснован на „Славјанка“ ќе учествува во натпреварот, а ние им посакуваме победа на студентите!
Ваквите презентации и директното прикажување на технологијата „Славјанка“ на универзитетите во регионот се од огромна важност. Благодарение на нив, нашата делегација успешно може да ги запознае со проектот не само деловните луѓе и потенцијалните инвеститори, туку и претставниците на академската заедница и идните инженери во Латинска Америка, кои ќе можат да ја применат и да ја промовираат технологијата во својата земја.
Погледнете ја нашата фото и видеорепортажа од овој настан и почувствувајте ја и самите атмосферата на напредок!