Андреј Лобов имаше средба со инженер за развој на цепелини од Кина

Андреј Лобов имаше средба со инженер за развој на цепелини од Кина

Во текот на посетата на Андреј Лобов на Кина, во која имаше работна средба со Виктор Арестов, се случи нешто многу интересно.

Во градот Сиан, Андреј се запозна со г-дин Dang Hua Ning, генерален директор на XI'AN GEOTIME AIRSHIP MANUFACTURING CO., LTD. Уште од моментот кога овој човек за првпат видел цепелини во 2003 год., тие станале негов сон. Потоа тој со сопствени средства изградил објект каде што од нула направил целосен модел на цепелин. Неговата иновација ги задоволува европските стандарди и веќе е во фаза на сертификација. Наскоро во Сиан ќе се гради фабрика за производство на цепелини долги 85 метри.

Слоганот на кинеската компанија е „Цепелин што никогаш не паѓа“.

Дали проектот „Цепелини од новата генерација“ ќе оствари соработка со Кина?

Дознајте нешто повеќе за тоа во видеото на YouTube.

Гледајте го видеото