На 30 декември, проектот „Моторите на Дујунов“ ќе премине во 19. фаза од финансирањето!

На 30 декември, проектот „Моторите на Дујунов“ ќе премине во 19. фаза од финансирањето!

29 декември е последниот ден од фаза 18 и од поволниот попуст на инвестициските удели. Со почетокот на фаза 19, цената на уделите ќе се зголеми. Подетални информации за ова може да најдете овде.

Фаза 18 траеше во текот на цела 2023 год. Време е да ги сумираме резултатите постигнати во тој период.

Изградба на Бирото „Совелмаш“: комунални мрежи и „полнење“ на зградата

Клучната задача во фаза 18 — поврзување на комуналните мрежи — веќе е речиси завршена. Стручњаците на компанијата започнаа со изготвување на документот за завршување на изградбата.

• Сите надворешни комунални мрежи се довршени. Во зградата е воведена електрична енергија, слаба струја, Интернет и ладна вода, и поставена е атмосферската и санитарна канализација, како и цевките на топловодот. За да можат комуналиите да почнат да функционираат, треба само правно да се формализираат и да се доврши внатрешното ожичување на комуналните мрежи.

• Уредувањето на локацијата, кое започна во доцна пролет, е речиси целосно завршено. Теренот над поставените цевки е асфалтиран и засадени се растенија. До денес, последниот слој асфалт е излеан на трите страни околу зградата на Бирото. Засадени се тревниците и сите грмушки. Осветлувањето на локацијата е целосно поставено и веќе функционира. Монтирана е и оградата.

• Во фаза 18 започна внатрешното уредување на административниот комплекс: бојадисувањето на ѕидовите и таваните, ставањето на подни плочки, поставувањето на преградните ѕидови, итн. Сега сето ова е завршено речиси 70%. Во некои простории веќе се уредени работните места.

• Во оваа фаза беше предвидено да се „наполни“ зградата со опрема и да се пушти што е можно побрзо во работа — и таа задача е завршена. Се инсталира постоечката технолошка опрема и се ближи нејзиното пуштање во работа, а лабораторијата и други погони веќе се во функција. Ова ќе му овозможи на „Совелмаш“ да започне со комерцијални дејности што е можно поскоро.

Производи дизајнирани од „Совелмаш“

Во фаза 18, стучњаците на „Совелмаш“ работеа на финални производи, кои во иднина ќе им носат заработка на компанијата и на инвеститорите, како и на технолошката опрема потребна за изработка на производите. За таа цел, моментално се во тек повеќе од 55 развојни проекти. Да наведеме само некои од резултатите од тие активности.

• Аголната брусилка со универзален погон заснован на „Славјанка“ е изработена во готово куќиште. Таа беше тестирана во лабораторијата на „Совелмаш“. Сега следува сертификација на производите.

• Компанијата „Совелмаш“ за првпат спроведе автоматска изолација на жлебовите на статорот со помош на машина за жлебови од сопствен дизајн и производство. Овој статор ќе се користи во аголната брусилка.

Практична примена на технологијата „Славјанка“

• Во Кина започна производството на првата серија мотори засновани на „Славјанка“ кои беа дизајнирани од „Совелмаш“.
• Моторите со комбинирани намотки беа избрани да се вградат во приколки на компанијата Autoflex Knott Inc.
• Андреј Лобов, директор на производственото претпријатие „Ресурс“, им го претстави потенцијалот на технологијата на деловни лица, владини претставници и универзитети во разни земји: Индија, Перу, Еквадор, Индонезија и Северна Македонија.
• Моторот заснован на „Славјанка“ покажа многу добри перформанси во текот на повеќедневната трка на возила на соларен погон, Solar Race 2023, која се одржа во Казахстан. Тук-тукот за оваа трка беше подготвен од претпријатието „Ресурс“. Моторот во ниту еден момент не го изневери нашиот тим во текот на 24-те денови возење во тешки услови, без полнење на батериите од мрежа.

Развој на проектот во светски рамки
• Беа отворени национални претставништва на SOLARGROUP во Австрија, Швајцарија, Лихтенштајн и Мали.
• Беше одржана Меѓународна конференција на SOLARGROUP во Москва, како и големи офлајн конференции со учество на главните раководители на компанијата во Брегот на Слоновата Коска, Перу и Еквадор
• Беа отворени канцеларии на SOLARGROUP во Брегот на Слоновата Коска, Перу и Еквадор.
• Делегација на SOLARGROUP, предводена од директорот на компанијата, беше во посета на неколку потенцијални партнери на „Совелмаш“ во Кина: во фабрика за производство на електромотори и рачен електричен алат, и во фабриката за автомобили BAW. Делегацијата исто така го посети Виктор Арестов и претпријатието ASPP Weihai.

Ова беа некои од најзначајните резултати постигнати во проектот во фаза 18. Покрај нив, се случуваа и многу други важни работи: беа воведени нови опции во бек-офисот, беше ажурирана нашата мобилна апликација, и беа одржани неколку стотици офлајн и онлајн презентации на проектот низ целиот свет. Медиумите многупати пишуваа за проектот и за „Совелмаш“.

Спомнувајте си за добрите работи што ги доживеавме заедно, и не заборавајте дека е најповолно да се инвестира во проектот пред да се промени фазата и да се намали попустот. Побрзајте и направете го тоа најдоцна до 29 декември!

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПОПУСТОТ