„Овде сме сите победници!“ — Алексеј Таубе зборува за својата победа во лотаријата на SOLARGROUP

„Овде сме сите победници!“ — Алексеј Таубе зборува за својата победа во лотаријата на SOLARGROUP

Во април, SOLARGROUP одржа лотарии за инвеститорите од Русија, Индија, Виетнам, Бугарија, Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн. Ова ни помогна значително да го забрзаме финансирањето на проектот.

Денес започнуваме со серија приказни за победниците на лотаријата во различни земји.

На Алексеј Таубе, кој е наш инвеститор од Германија, синот му соопштил по телефон дека е добитник на главната награда на лотаријата — посета на „Совелмаш“ и 200.000 инвестициски удели. „Иако почувствував огромна радост, просто не можев да верувам! И претходно учествував во разни лотарии, но никогаш не сум победил.“

Може да се каже дека Алексеј ја заслужи оваа награда со својата посветеност на проектот: „Во 2015 год., дознав за Дмитриј Дујунов и за неговиот мотор за тркало од „Global Wave“, и летото 2017 год. ги инвестирав моите први 2.000 $ во проектот, кој тогаш беше во својата прва фаза“.

Алексеј е член на „Клуб-1000“ и активен партнер. Досега, тој и неговите партнери имаат инвестирано повеќе од 70.000 $ во проектот.

„Она што ме привлекува во проектот е можноста да бидам дел од него. Тоа е навистина прекрасно! Како обичен човек, не добив покана да бидам дел од Apple или од друга компанија, каде што инвестираат луѓе што имаат длабок џеб... Но добив пристап до нешто што никогаш порано не можев ни да си го замислам. А тоа е џек-пот за секој инвеститор. Значи, овде сме сите победници!“

Наградните удели веќе му се доделени на Алексеј Таубе во бек-офисот. Тој и победниците од други земји наскоро ќе го посетат градилиштето на „Совелмаш“.

Секој може да биде победник во лотаријата на SOLARGROUP. Следете ги новостите за проектот за да дознаете кога ќе започне следната промотивна понуда во Вашата земја.

Уште еднаш му честитаме на Алексеј Таубе за неговата победа во лотаријата. И му благодариме што толку активно учествува во проектот. Токму тоа, како и поддршката од другите инвеститори и партнери, ни помага да ја оствариме заедничката цел!

ИНВЕСТИРАЈТЕ