Сакам да стекнам целосна финансиска независност | Приказна на партнерот на SOLARGROUP — Francis Mukuna
Се викам Francis Mukuna. Живеам во Киншаса (Демократска Република Конго). Јас сум дипломиран правник и државен службеник. Работев како секретар, и заработував околу 200 $. Тоа беше доволно за подмирување на основните потреби. Но, не беше доволно за да му обезбедам добра иднина на моето семејство.
Дознав за SOLARGROUP во 2023 год. благодарение на партнер по име Флорентин. Не го разбирав добро овој проект. Но, овде се запознав со луѓе кои беа воодушевени од она што го работеа. Затоа решив и јас да го потпишам договорот за партнерство. Сакав да го променам мојот живот. И конечно да излезам од секојдневната работна рутина.
Почнав да им кажувам на моите познајници за проектот. Во почетокот не верував дека ќе можам да го правам тоа. Но, потоа решив да дадам сѐ од себе за да успеам и да изградам своја партнерска мрежа. Неколку месеци подоцна стигнаа и првите резултати. Се зацврсти мојата решеност да им кажувам за проектот на сите што ќе ги сретнев!
Сепак, морав доволно добро самиот да го разберам проектот за да одговорам на кое и да било прашање што ќе ми го поставеа.
И понатаму споделувам информации за проектот на социјалните мрежи. За мене ова е само почеток на патувањето.
Мојот ментор секогаш ми помагаше со совети и ме мотивираше да не ги пропуштам можностите што ми ги нудеше проектот.
Сега имам за цел да достигнам ниво кое ќе ми овозможи да не зависам од други и да стекнам целосна финансиска независност! За мене се вистинска инспирација лидери кои постигнале голем успех во инвестирањето, како што се Ворен Бафет и Илон Маск.
Пред сѐ, горд сум на тоа што сум среќен и што навистина го сакам она што го работам.
Благодарен сум им на моите ментори за трудот што го вложија за да можам да ги пожнеам користите од партнерскиот бизнис. Голема благодарност до компанијата и до партнерите за нивната поддршка и совети!