Сите што ги послушаа моите совети, денес се на патот кон успехот | Приказната на партнер на SOLARGROUP — Gédéon Haba

Сите што ги послушаа моите совети, денес се на патот кон успехот | Приказната на партнер на SOLARGROUP — Gédéon Haba

Се викам Гедеон Хаба. Живеам во Република Гвинеја, земја која се наоѓа во западна Африка на брегот на Атлантскиот Океан. Јас сум истражувач и професор со звање магистер.

Пред да дознаам за SOLARGROUP, предавав на локалниот универзитет и сè уште го работам тоа. Женет сум и имам шест деца — три сина и три ќерки. По професија сум лингвист, и веднаш откако дипломирав во 2001 год. почнав да работам на својата струка како асистент. Во 2005 год. бев префрлен во државна служба, а четири години подоцна бев унапреден во директор на Центарот за изучување на францускиот јазик (CELF), и на таа положба сум до ден-денес.

Во почетокот заработував 104 $ месечно. Со тие пари можев да покријам само дел од трошоците за храна.

Во тоа време, не бев задоволен со мојот живот и со мојата работа бидејќи на крајот од секој месец морав да се задолжувам — било да платам сметки, било да купам вреќа ориз или да решам некој домашен проблем. Затоа почнав да барам прилики што ќе ми помогнат да врзам крај со крај, да се подготвам за пензија и да им обезбедам некаква иднина на моите деца. Така станав дистрибутер за една американска компанија и испробав многу веб-страници за инвестирање наречени HYIP (High Yield Investment Programs, односно Високодоходовни инвестициски програми). Тоа ми беше навистина горко искуство!

За среќа, во 2019 год. ја открив компанијата SOLARGROUP благодарение на мојот пријател Саломон Бусин Куадио од Брегот на Слоновата Коска, кого сакам да го поздравам во оваа прилика.

Веднаш се регистрирав во бек-офисот, но не планирав да инвестирам во проектот бидејќи во тој момент немав доволно средства. Едно утро прочитав известување од Жил Вебер за презентациски вебинар на Зум, и решив да присуствувам. Тогаш сфатив дека се работи за можност без преседан — уникатна технологија за комбинирани намотки „Славјанка“, која ја намалува потрошувачката на енергија за 10-40%, ја зголемува енергетската ефикасност, ја штити животната средина, итн. Сето ова ме поттикна без одложување да инвестирам во проектот уште следниот ден по презентацијата. Морав веднаш да го сторам тоа бидејќи сфатив дека цената на инвестициите расте како што проектот напредува од една во друга фаза.

Првиот кому му се обратив беше Саломон Бусин Куадио, пријателот што ми испрати покана. Тој многу добро разбира како функционира проектот. Мојот ментор беше Жил Вебер, кого веќе го знаев од социјалните мрежи. Тој е неверојатно активен човек. Жил Вебер е национален претставник на SOLARGROUP за Франција и за шест африкански земји. Неговото познавање на проектот, неговите бројни патувања низ Русија — каде што се наоѓа седиштето на компанијата „Совелмаш“ во која купуваме удели — како и неговата спремност на одговори на сите прашања, ми помогнаа брзо да ја сфатам работата.

Го потпишав договорот за партнерство на 25 септември 2019 год. Од причините што ги наведов погоре, веднаш купив пакет од 500 $ на рати. Ја уплатив првата рата уште истиот ден. Ова беше ризик што решив да го преземам, иако имав толку мала плата и многу трошоци. Затоа го прашав мојот пријател Куадио како да заработам од овој проект уште пред да биде ставен на јавната берза. Тој ми испрати снимена гласовна порака со одговор на ова прашање, и ми кажа дека можам да најдам повеќе информации во бек-офисот, во делот „Маркетинг план“. Морам да признаам дека надоместокот што го дава SOLARGROUP во рамките на својата програма е навистина великодушен! Откако го проучив планот, почнав да дискутирам за оваа можност со моите познајници. Луѓето што зборуваат француски обично не преземаат ризици — ризикот сè уште не е дел од нашето образование и култура. Речиси сите ме одбија, почнувајќи од потесното семејство, моите браќа и колегите од работа. Ми рекоа дека сум се сплеткал во мрежа на измамници, и до ден-денес ми го велат тоа.

Кога почнав да работам со партнерската програма, имав намера да дадам сè од себе за да можам без проблем да ги отплатам ратите за пакетот што го купив.

Откако извршив три месечни уплати од сопствен џеб, одлучив да почнам да ги користам социјалните мрежи. Ставав постови за проектот, но ниту еден од моите пријатели немаше коментар за нив. Се чувствував како сите меѓусебно да сковале заговор против мене. Одржав и две презентации на мојот универзитет, а на секоја од нив присуствуваа најмалку по 40 лица. И пак немаше никаков резултат. Морав да се вратам на групите на Facebook и на WhatsApp. Почнав да ставам мали реклами, а некои корисници на Интернет приватно контактираа со мене да побараат повеќе информации. Некои се регистрираа во бек-офисот, но други не беа спремни на тој чекор. Во моментот кога ја пишувам оваа приказна, во мојата структура има регистрирано 10.536 лица, а 735 од нив се во првото ниво.

Мојата грешка беше во тоа што им зборував за проектот на луѓе кои претходно инвестираа со мене на веб-страниците на HYIP, каде што уплаќаа пари за камата. Тие тврдеа дека SOLARGROUP не е ништо подобар од HYIP. Затоа моето успешно решение беше да направам групи на WhatsApp, и да ги споделам линковите до таму во различни јавни групи. Овој начин на барање на потенцијални клиенти ми овозможи да развијам тимови во Африка, Америка, Азија и Европа. Повеќе не ги користам социјалните мрежи за забава, туку ги гледам како извонреден алат за развој на мојот бизнис.

Првите резултати стигнаа по девет месеци, кога достигнав статус „Мастер“. Тие беа постигнати благодарение на заедничките напори со моите партнери!

Од таа причина, моите следни активности во парнерското работење ги насочив на пружање помош и поддршка на моите активни партери, на кои повремено им давав одредени клиенти. Тие сигурно потврдно ќе кимаат со главата додека ја читаат оваа приказна! Сфатив дека, за да продолжам да напредувам, мора да го подджам мојот тим и да ги мотивирам сите членови и понатаму да се развиваат.

Наскоро открив дека некои од партнерите на кои почнав да им помагам престанаа интензивно да работат, уверени дека ќе продолжам да им давам клиенти. Затоа ги замолив да си формираат свои групи на кои ќе можам да им одржам презентација за можностите што ги нуди проектот. Сите што ме послушаа, и што ја применија оваа препорака и моите совети, денес се на вистинскиот пат до успехот.

Во партнерските односи, се држам за принципот на взаемна поддршка. Освен што на некои од моите партнери им давам клиенти, понекогаш им давам и мал дел од мојот надоместок за да ја надополнат својата главна сметка и да можат да ги исплатат ратите.

Уште во почетокот на 2019 год., одлучив да учествувам во партнерски бизнис само со SOLARGROUP и да ги прекинам сите активности со другите компании. Надоместокот се исплаќа веднаш, а ако сакам да подигнам средства, и тоа можам да го сторам без одложување. Благодарение на мојата посветеност и работата на мојот тим, во декември 2021 год. го постигнав статусот „Експерт“.

Непроценливата помош од пријателот кој ме покани во проектот и од мојот ментор беше во тоа што ми стоеја на располагање секогаш кога имав потреба. На место е да спомнам дека веќе имав искуство на полето на мрежен маркетинг поради мојата претходна работа на ова поле. Затоа немаше голема потреба многу често да се распрашувам кај пријателот и кај менторот!

Мојата сегашна цел е да го постигнам статусот „Професионалец“ и да го зголемам максимално бројот на инвестициски удели пред да се заврши финансирањето на проектот.

Во SOLARGROUP ме инспирира следново мото: кој сака да прави нешто, наоѓа начини, а кој не сака да прави ништо, наоѓа изговори. Ме инспирираа и многу лидери на полето на личниот развој! Главниот од нив е Ворен Буфе, кој рекол: „Ако не најдеш начин да заработуваш додека спиеш, ќе работиш до смрт“. Не сакам тоа да ми се случи и мене!

Благодарение на партнерскиот бизнис со SOLARGROUP, се запознавам со сè повеќе луѓе од целиот свет, иако никогаш во животот не сум се видел лице в лице со нив. Сите алатки (документација, видеа, ПДФ-фајлови, седмични извештаи, итн.) им се достапни бесплатно на партнерите. Мојата партнерска активност ми обезбедува редовна заработка, која решив целосно да ја вложам во проектот. Само ако навистина имам некој финансиски проблем, подигам дел од парите за да го решам.

Благодарен сум им на моите ментори и на компанијата за нивната спремност да ги решат сите наши проблеми! Ја ценам нивната транспарентност во работата. Никаде не сум видел такво нешто. И многу ја ценам компанијата и тимот на SOLARGROUP!

Исто така, благодарен сум им и на партнерите во мојата структура за нивната работа, од која и јас извлекувам корист. Тие ми помогнаа да искачам неколку скали во маркетинг планот. ВИ БЛАГОДАРАМ од срце!

ПРОЧИТАЈТЕ И ДРУГИ ПРИКАЗНИ