Овој проект го доживеав како одговор од Бог
Се викам Хаиро Омар Пинеда Молина. Живеам во градот Кукута (Колумбија). Откако завршив основно образование, почнав да се занимавам со трговија. Месечно заработував околу 2 милиона колумбиски пезоси — околу 480 $. Овие пари беа доволни за да купам храна, и да ги платам киријата и сметките.
Но, не бев задоволен што целата моја заработка ја трошев на основните потреби.
Дознав за компанијата SOLARGROUP од еден пост што брат ми го имаше објавено на Facebook. Но, човекот што ме покани во проектот и што сега е мој советник се вика Кристо Робинсон.
Кога слушнав за проектот, бев многу возбуден и веднаш му кажав на мојот пријател дека сакам да учествувам во него. Овој проект го доживеав како одговор од Бог бидејќи неколку години наназад размислував за електромотори.
Во SOLARGROUP запознав многу луѓе од разни земји кои ми помогнаа да дознаам нешто повеќе: Елена, Масимилијано, Марти, Лумин, Елиас и мојот пријател Робинсон. Сите тие се дел од еден извонреден тим и секогаш ми даваат поддршка.
Го потпишав договорот за партнерство кога минував низ една тешка финансиска ситуација. Во партнерскиот бизнис видов голема шанса што ми ја даде Бог, и не сакав да ја пропуштам.
Донесов одлука уште истиот ден кога за првпат разговарав со Робинсон. Го сторив тоа со голема верба, и веднаш почнав да учам. Мнозина од луѓето во мојата околина не ми веруваа и ми се исмејуваа. Упорно тврдеа дека сум наивен и глупав, и дека залудно си го трошам и времето и парите на SOLARGROUP.
Си ја поставив првата цел — да го проучам проектот и да дознаам како да работам со партнерската програма. Кога почнав да ја проучувам технологијата „Славјанка“, немав електронски уред, и морав да го позајмам од сопругата. Во тоа време имав многу малку средства.
Но, отсекогаш сум имал отворен ум и сум бил спремен да учам нови работи.
Како резултат на тоа, брзо напредував во мојата обука. Тој процес сè уште трае.
Покажав доверба во проектот! И продолжувам да се држам за тој принцип. Благодарение на партнерскиот бизнис, веќе сум на пат да донесам одлука да се посветам само на оваа активност и да ја напуштам мојата сегашна работа. Следна цел ми е да стекнам поголема заработка. Мојот пријател Робинсон ме поддржува во ова.
Восхитен сум од раководителите на проектот и од нивната скромност. Гледам колку многу работат — и сакам на своите деца да им обезбедам приход со кој ќе можат да водат поквалитетен живот. Партнерскиот бизнис ќе ми го овозможи тоа.
Многу сум ѝ благодарен на компанијата SOLARGROUP што ми дава прилика за личен развој и што, пред сè, ми помага да напредувам.
И многу сум благодарен за посветената работа на големите водачи кои сега се во мојата партнерска структура!