Што го прави Бирото „Совелмаш“ моќно и уникатно?

Што го прави Бирото „Совелмаш“ моќно и уникатно?

Проектот „Моторите на Дујунов“ го реализира инженерската компанија „Совелмаш“. Средствата на инвеститорите се наменети за развој на едно уникатно претпријатие и, пред сè, за изградба на Бирото за проектирање и инженеринг. Што ја прави компанијата моќна и уникатна, и што ќе добијат инвеститорите од тоа?

Фактор бр. 1: технологијата „Славјанка“ и електромоторите


Патентираната технологија со комбинирани намотки „Славјанка“ и електромоторите дизајнирани со примена на оваа технологија се главните причини за уникатноста на производите на „Совелмаш“.

• Енергетската ефикасност на моторите одговара на највисоките класи IE3 или IE4. Освен тоа, тие не се поголеми, туку се со иста тежина, величина и монтажни димензии како моторите од класата IE1. Односно, енергетската ефикасност на опремата може да биде поголема без да се промени нејзината конструкција. Ова значи дека моторите со комбинирани намотки можат да бидат решение за еден од главните еколошки проблеми — да се намали потрошувачката на електрична енергија. Никој друг во светот не може да направи таков производ!
• Во производството на мотори засновани на „Славјанка“ се користи значително помала количина на метал.
• Електромоторите на „Совелмаш“ имаат многу подолг век на траење од другите слични мотори, и затоа има помала загуба кога се користат.

Моторите со комбинирани намотки веќе се барани за најразлична примена. На пример, Кина наметнува ограничувања и забрани за користење на индустриски мотори за општа намена од класите IE1 и IE2. Услугите што ги нуди „Совелмаш“ ќе бидат спас за многу претпријатија кои би можеле да се соочат со банкрот.

Фактор бр. 2: услугите на компанијата

Бирото „Совелмаш“ ќе дизајнира електромотори по нарачка кои се далеку подобри од сите достапни аналози во светот, и ќе го воспоставува нивното производство во погоните на клиентите. Дизајнирањето е комплексна активност во која се вклучени повеќе чекори. За тоа се потребни висококвалификуван кадар, современа опрема и посебни услови за работа.

Клиентите на „Совелмаш“ ќе добијат многу повеќе од еден уникатен мотор кој ќе одговара на нивните потреби. Всушност, ќе им биде даден еден вид „клуч“ кој ќе им овозможи да започнат со автоматско производство на мотори во постоечките капацитети на клиентот или во погоните на нова фабрика. „Совелмаш“ ќе може да го организира овој сложен процес. Во светот практично не постојат претпријатија што нудат таков спектар на услуги.

Во зависност од сложеноста на нарачката, „Совелмаш“ ќе заработува просечно од 30 до 50 милиони долари или повеќе за дизајнирање на мотор или систем за електричен погон. Компанијата ќе дели еден дел од својот профит со инвеститорите во проектот.

Фактор бр. 3: зградата на Бирото е единствена од таков вид


Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ се гради според уникатен проект што компанијата го разви земајќи ги предвид своите дејности и најсовремените барања. На пример, во Бирото беа спроведени високи стандарди за техничка чистота на просториите, придушување на вибрациите и стабилно снабдување со електрична енергија. Сето ова е многу важно за точноста при тестирањето на моторите во лабораторијата. Компанијата исто така им обезбедува максимално удобни услови на своите вработени: во самите објекти на Бирото ќе функционираат простории за прва помош, вежбалница и сауна.

Ова се само некои примери за тоа колку совесен и сеопфатен пристап имаше „Совелмаш“ при организирањето на овој инженерски бизнис.

Со тоа што сега инвестирате во проектот, станувате косопственици на ова уникатно претпријатие. Откако тоа ќе биде пуштено во работа, ќе заработувате дивиденди од неговите дејности или ќе може да стекнете заработка од продажба на Вашите удели.

Изградбата на Бирото „Совелмаш“ е при крај и се планира објектот да биде пуштен во работа во 2024 год. Сè уште имате можност да инвестирате во него за да си обезбедите финансиска благосостојба и да ги зачувате ресурсите на нашата планета!

ИНВЕСТИРАЈТЕ