Успешен завршеток на 2023 год. за „Совелмаш“!

Успешен завршеток на 2023 год. за „Совелмаш“!

Во последните неколку дена од изминатата година имаше многу добри вести од „Совелмаш“. Дмитриј Дујунов зборуваше за нив, ги сумираше резултатите од годината и се осврна на иднината.


Најнови вести

• Беа сертифицирани 3 модели на аголни брусилки дизајнирани од „Совелмаш“. Со ова компанијата добива право да произведува и да продава аголни брусилки со дијаметар на круг од 230 мм и со моќност од 2100 W, 2300 W и 2500 W на подрачјето на Евроазиската економска унија. Може да ги погледнете сертификатите на следниов линк.
• „Совелмаш“ успеа да изврши поврат на ДДВ за последното тримесечје од годината во износ од 25 милиони рубљи. Повратот во текот на претходните тримесечја изнесуваше 126.022.000 рубљи.


Главни резултати од годината во изградбата на Бирото

• Надворешните комунални мрежи се практично завршени. Останува да се направи уште еден приклучок за водовод, но според проектот, зградата веќе е снабдена со вода. Мерните места се пломбирани, и водомерот исправно работи.
• Греењето е приклучено. За оваа цел беа поставени цевките на топловодот и беше монтирана топловодната станица. Сега се отстрануваат грешките во системите за греење.
• Осветлувањето е поставено во поголемиот дел од зградата на Бирото, и целосно е поставено надвор од неа.
• Атмосферската канализација и системите за кровно греење се пуштени во функција.
• Поставувањето на оградата на територијата е речиси завршено. Останува само да се доврши делот каде што се наоѓа вториот приклучок за водата и да се стави капијата.
• Засаден е тревникот и грмушките. Се планира дрвцата да се засадат на пролет.
• Еден слој асфалт е излеан на сите места каде што беше планирано. Сите три слоја асфалт се излеани на 70% од територијата. Благодарение на тоа, можеше да се истовари тешка опрема: машинерија која тежи 15-20 тона.

Освен тоа, беа завршени уште многу други градежни задачи.

Погледнете го последното видео за оваа година од градилиштето на „Совелмаш“ на следниов линк.

Им честитаме на сите наши инвеститори за ваквиот успешен завршеток на 2023 год.! Да продолжиме така и следната година!

ПОДДРЖЕТЕ ЈА ИЗГРАДБАТА