Вашиот „Тим“ е структуриран | Ажурирања во бек-офисот

Вашиот „Тим“ е структуриран | Ажурирања во бек-офисот

Сега е уште полесно да се води партнерски бизнис. Го ажуриравме делот „Тим“ во бек-офисот земајќи ги предвид најчестите барања на нашите активни партнери.

Што е ново во овој дел?

• Означување со боја на корисниците од Вашиот список. Доделете различни бои и дајте им различни имиња на групите. На пример, направете го тоа според следните карактеристики: повикан, не се јавил, итн. Тоа ќе Ви овозможи брзо и лесно да работите со клиентите.

• Статусот на верификација и потврда на податоците во табелата. Сега можете веднаш да видите информации за секој клиент во нивниот профил — дали ја комплетирале верификацијата и дали ги потврдиле своите податоци за контакт.

• Напредокот на корисникот кон следниот статус. Ако клиентот го има потпишано договорот за партнерство, веднаш може да го видите неговиот статус и напредок — има индикатор околу профилната слика на клиентот и детални информации во профилот.

• Картичка со информации за клиентот. Профилот на клиентот сега ги содржи сите информации за него: неговото државјанство, јазик, контакти, лице што го поканило, статистика за неговата структура, инвестиции, итн.

• Покани во одделна табела. Сега има посебна табела за корисници што сè уште не го потврдиле имејлот со поканата. И не мора рачно да ги избирате.

Освен тоа, веќе не мора да извршувате непотребни дејства. На пример, сега само со едно кликнување можете да копирате телефонски број и имејл. И може да додадете белешки со едно кликнување.

Прочитајте нешто повеќе во делот „База на знаење“.

Додадовме и режим на цел екран.

Вашиот тим сега е структуриран! Работата нека Ви причинува задоволство и уживање.

ОДЕТЕ НА ДЕЛОТ „ТИМ“