Средбата со „Совелмаш“ беше љубов на прв поглед | Приказна на партнерот на SOLARGROUP — Shashikant Pal (Индија)

Средбата со „Совелмаш“ беше љубов на прв поглед | Приказна на партнерот на SOLARGROUP — Shashikant Pal (Индија)

Се викам Shashikant Pal. Живеам во Варанаси (Индија). Студирам на факултет, специјалност: Business Process Outsourcing. Сѐ уште не сум работел никаде.

Претходно целиот мој приход доаѓаше од роднините, околу 200-500 рупии. Тоа беше доволно само за чај и за десерт. Но, сакав самиот да заработувам.

Постариот брат ми кажа за SOLARGROUP во 2021 год. И на крајот се покажа дека SOLARGROUP е сѐ што сакав во животот! Најдов добар проект, добар тим, добри говорници и неверојатна технологија која може да го промени светот. За мене средбата со „Совелмаш“ беше љубов на прв поглед.

Сите во компанијата имаат напредни размислувања. Така ги инспирираат и другите да размислуваат на сличен начин. Овде научив нови вештини и стекнав подлабоко разбирање на процесот на реализација на проектот.

Во 2022 год., присуствував на еден настан организиран од SOLARGROUP во Делхи. Ги слушав говорниците, потемелно го истражив проектот, и решив да се вклучам во него. Го потпишав договорот за партнерство, но не ги споделив информациите со семејството и со пријателите. Впрочем, тие размислуваат сосема поинаку кога станува збор за пари.

Кај мене веднаш се роди желба да им ја подигнам свеста на луѓето за проектот, и да заработам пари за да ги покријам сите мои трошоци.

Бидејќи не сакав многу лични контакти, почнав да правам по 4 видеоклипови за проектот секој месец.

Во почетокот, не го ставив својот телефонски број во видеото, и ова ми беше најголемата грешка. Поради тоа, луѓето не можеа да контактираат со мене, и не постигнав речиси никакви резултати.

Дури 3 месеци подоцна, почнав да го ставам мојот телефонски број во описот на видеото. И тогаш дојдоа првите резултати — луѓето почнаа да ми се јавуваат.

Така станав познат, и другите почнаа да ме препознаваат. Продолжив да комуницирам и да ги развивам моите вештини. Редовно споделував што е можно повеќе информации со луѓето, и им кажував какви користи ќе имаат ако се вклучат во проектот. Го ставив мојот телефонски број на екранот бидејќи секој не го гледа описот на видеото. Сето ова се случуваше во период од 6-7 месеци. Им помагав на сите, и сѐ уште сум спремен да помагам, сеедно дали лично ги познавам луѓето или не.

Решив да станам партнер бидејќи сфатив дека така навистина ќе можам да заработувам. Во меѓувреме, ѝ помагам на компанијата да привлече финансии. Проектот брзо се реализира, и инвеститорите ќе остварат заработка во реален рок.

Брат ми ми помага многу во партнерскиот бизнис. Тој секогаш ме поддржуваше и ми помагаше финансиски. Освен тоа, споделувам само веродостојни информации со луѓето. Ги мотивирам моите партнери уште поактивно да учествуваат во проектот.

Ширењето на технологијата „Славјанка“ насекаде во светот и идејата секој да има еднакви можности да учествува во проектот навистина ме инспирира. Се гордеам што нашиот проект може да им го промени и да им го подобри животот на милиони луѓе. Дури и некој да нема ни скршена пара, може да си ја подобри својата финансиска состојба така што ќе учествува во партнерската програма.

Благодарен сум им на луѓето што ми станаа ментори — мојот постар брат Suryakant Pal, како и говорниците и водечките лица во компанијата. Многу се луѓето од кои барам совети, невозможно е овде да ги набројам сите.

А би сакал да им се заблагодарам и на партнерите во мојата структура кои учествуваат во овој прекрасен проект! Сите тие ми се извор на поддршка.

ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ