Со SOLARGROUP ми се укажаа прилики за кои можев само да сонувам |Приказната на партнер на SOLARGROUP — Raushan Kumar Singh (Индија)

Со SOLARGROUP ми се укажаа прилики за кои можев само да сонувам |Приказната на партнер на SOLARGROUP — Raushan Kumar Singh (Индија)

Се викам Раушан Кумар Сингх. Имам 23 години. Живеам во Вишакхапатнам (Индија). Дипломирав математика, статистика и компјутерски науки.

Никогаш досега не сум бил претприемач. Работев како агент за осигурување во неколку компании. Но, сега имам прилика да изградам кариера во меѓународна компанија.

Претходно заработував од 200 до 350 долари месечно. Тој приход беше доволен само за моите секојдневни потреби, но не беше доволен за долгорочни инвестиции или за реализација на моите планови за иднината.

Не бев задоволен со она што го работев бидејќи секогаш кога итно ми требаа повеќе пари отколку обично, морав да позајмувам од мојот постар брат кој служеше во морнарицата на Индија.

Откако размислив за сето ова, дојдов до заклучок дека за секој чекор што планирам да го направам во иднина ќе морам да пронајдам нешто ново. Нешто што ќе ми помогне да го решам проблемот, но не само за себе, туку за сите мои врсници кои имаат потешкотии со парите.

Еден ден го видов мојот постар брат Ананд Рој како седи сам и присуствува на состанок на Зум. Се сеќавам дека тоа беше пролетта 2020 год., кога во целиот свет владееше пандемијата со коронавирусот и сите беа принудени на самоизолација. Ситуацијата беше погодна за работа од далечина. Истовремено, многу луѓе што не можеа да работат од дома ја изгубија работата. Тогаш го прашав брат ми што прави, и тој веднаш ми објасни. Така започна моето патување со SOLARGROUP.

Целта на тековниот проект на SOLARGROUP, „Моторите на Дујунов“, е да му претстави на светот револуционерен производ кој потполно ќе го промени нашето разбирање за ерата на електричната енергија. Освен тоа, ќе има голем придонес за подобрување на еколошката ситуација. Планот што го изработи SOLARGROUP за својот проект ѝ помогна на компанијата да функционира и покрај бројните кризи. Лично видов како други компании отпуштаат голем број вработени. Исто така, многу компании ги откажаа своите проекти, но SOLARGROUP продолжи, сè уште продолжува и ќе продолжи со своите активности.

Во оваа компанија запознав луѓе кои имаат поинаков пристап кон заработката на пасивен приход. Тие ги споделија своите искуства за тоа како го започнале своето поатување, и слушајќи ги нивните приказни и самиот добив инспирација.

Откако ги проучив сите информации, потпишав договор за партнерство со SOLARGROUP на 1 мај 2020 год. Една од главните причини за оваа одлука беше фактот што во тоа време јас и моето семејство немавме работа и не можевме да излегуваме никаде поради пандемијата со КОВИД-19. Тогаш присуствував на еден онлајн вебинар што го одржаа мојот брат и еден од раководителите на компанијата SOLARGROUP, и дознав дека има начин да се заработи дури и во овие тешки времиња. Неколку дена пред да го потпишам договорот за партнерство, се запознав со господин Бирди Гулшан Кумар, националниот претставник на компанијата во Индија, кој исто така многу ми помогна. И членовите на моето семејство реагираа позитивно; тие покажуваат разбирање и ме поддржуваат во оваа работа — во секојдневното користење на социјалните мрежи за да ја промовирам и да ѝ помагам на компанијата.

Мојата првобитна цел беше да направам во мојата кариера нешто што не сум го направил никогаш порано, и да бидам таму каде што ќе можам солидно да заработувам. За да го постигнам тоа, инвестирав околу 100 $ во проектот, и истовремено започнав самиот да ја промовирам компанијата SOLARGROUP на социјалните мрежи: Facebook, WhatsApp и Instagram.

Во почетокот го правев тоа без некој систематски пристап, но откако ги набљудував активните лидери, сфатив дека треба да создадам посебна група и секојдневно да постирам новости во неа. Веднаш го сторив тоа! Потоа почнаа да ми се придружуваат и други луѓе.

По 18 дена, го постигнав својот прв резултат кој одигра важна улога во мојот живот: еден мој пријател инвестираше 250 $. Така успеав да го заработам својот прв надоместок за препорака — тоа многу ме израдува и ми помогна да го зголемам и сопствениот пакет. Веднаш штом почнав да заработувам од надоместокот за препорака, го зголемив мојот инвестициски пакет на 1.500 $.

Благодарение на првите резултати, сакав да учествувам во промотивната акција на SOLARGROUP, „Трка на партнери“, и да го достигнам следниот статус колку што е можно побрзо. Првпат постигнав повисок статус отприлика за еден месец откако почнав да работам.

Додека се случуваа овие работи, се соочив со некои проблеми бидејќи како студент не можев да вршам меѓународни трансакции. Оние што ѝ се придружија на компанијата преку мојот линк се соочија со истите проблеми. Ова траеше со месеци, но добив помош, поддршка и совети од Ананд Рој, кој ми беше партнер на повисоко ниво.

Направив уште еден чекор во партнерскиот бизнис и покренав сопствен канал на YouTube. Сметав дека на новите членови на SOLARGROUP можеби им е тешко да го разберат проектот во некои аспекти што и мене ми беа тешки за разбирање. Затоа правев видеа за секоја тема, една по една, и ги споделував со моите инвеститори за да можат најпрво да го разберат проектот, а потоа и да постапуваат во склад со тоа.

Моите приходи растеа од ден во ден, и сфатив дека парите што порано ги заработував за цел месец сега можев да ги заработам за само неколку дена. Тогаш решив работата со SOLARGROUP да ми стане главно занимање и да го сменам мојот вообичаен начин на живот. Мојот главен мотив во изборот на партнерскиот бизнис како главно занимање беше желбата за заработка. Секој знае дека без пари не е можно да се води среќен живот; впрочем, сите работиме за да имаме пари.

Среќен сум што Ананд Рој ми зборуваше за SOLARGROUP и што многу ми помогна со меѓународните трансакции. Кога првпат почнав да го разгледувам бек-офисот, не ги разбирав добро техничките работи, и му се обратив за помош. Но, откако темелно го проучив бек-офисот, сите други работи постепено станаа лесни. Од Ананд Рој научив една работа: колку повеќе прашања ти поставуваат другите, толку поголеми шанси имаш и самиот да учиш нови работи.

Мојата цел во партнерскиот бизнис е да го постигнам статусот „Професионалец“. Моментално имам статус „Експерт“.

Многу ме инспирира господинот Бирди Гулшан Кумар! Кога Ананд ме запозна со него, тој ми објасни како да почнам да живеам вистински живот. Како што веќе спомнав, сè уште бев студент кога првпат слушнав за SOLARGROUP. Во тоа време имав цел да работам државна работа, тоа ми беше многу важно. Но, откако зборував со Бирди, потполно го сменив размислувањето. Тој ми помогна да зачекорам напред, и благодарение на тоа сега ја работам оваа работа со полно работно време. Сега на сите можам да ви кажам дека сум сертифициран говорник на вебинарите на SOLARGROUP.

Благодарение на партнерскиот бизнис со SOLARGROUP, ми се укажаа прилики за кои можев само да сонувам. На пример, секој сака да посети друга земја барем еднаш во животот. Јас имав таква прилика на 6 август 2022 год., кога ја посетив Русија (Москва), каде што присуствував на средба со раководните лица на SOLARGROUP и имав можост да го видам напредокот на изградбата на Бирото „Совелмаш“. Тогаш беше во тек работата на приземјето. Луѓето што инвестираа заедно со мене сега се уверени дека ги вложиле своите пари во вистински проект кој ќе има успешна иднина.

Благодарен сум им на Ананд Рој и на Бирди Гулшан Кумар, националниот претставник на компанијата во Индија, затоа што ме запознаа со ваков проект. Не само што овде може да заработуваме, туку може да придонесеме и за подобрување на еколошката состојба во светот.

Би сакал да му се заблагодарам и на целиот тим на SOLARGROUP и на сите негови раководители, бидејќи благодарение на вас, нашиот проект ќе се реализира и наскоро ќе постигнеме успех.

ПРОЧИТАЈТЕ И ДРУГИ ПРИКАЗНИ