Ве покануваме да станете дел од тимот на SOLARGROUP
Сакате ли да работите за компанија од соништата? Имате способности, но сè уште не сте имале прилика да се покажете?
Ве покануваме да го сторите тоа токму сега!
Меѓународната финансиска компанија SOLARGROUP има потреба од кандидати за слободни работни места „Менаџер за продажба“ и „Методолог-асистент на раководителот на партнерските мрежи“. Кај нас секој има можност да ги покаже своите најголеми квалитети.
Менаџерот за продажба е стручњак за работа со клиенти кои зборуваат руски, германски, англиски, француски и шпански јазик. Ова е шанса за Вас ако течно зборувате руски и еден од наведените јазици. Ако веќе имате искуство во активна продажба, а способноста да слушате и брзо да донесувате одлуки е Ваша јака страна, тогаш сте дефинитивно наш кандидат!
Од менаџерот за продажба во нашата компанија ќе се очекува активна комуникација со клиентите во нашата база на податоци, како и продажба на инвестициски финансиски производи и продолжување на тековните договори со клиентите. А го очекува и обука во почетната фаза, секојдневно вежбање на јазик и удобна работа од далечина од кое и да било место во светот. Освен плата, ќе добиете и висок процент од продажбите. Ве очекуваме на интервју за да ни кажете нешто повеќе за себе!
Методолог-асистент на раководителот на партнерската мрежа е стручњак за креирање и имплементирање на алатки, материјали, обука и мотивирање и стимулирање на партнерите со цел да ги зголемат продажбите. Ова е шанса за Вас ако:
• имате искуство со организациски активности, на пр. како асистент, менаџер за маркетинг, проект-менаџер, методолог;
• способноста за брзо собирање и анализирање на информации, планирање и одредување на приоритети е Ваша јака страна;
• веќе сте изработувале детални технички задачи и сте ги предавале на одговорни лица за извршување;
• брзо реагирате и способни сте да донесувате брзи одлуки кога ситуацијата ќе се промени.
Методолог-асистентот ќе мора да креира нови алатки и методолошки материјали за обука и работа, како и мотивациски системи за партнерите. А и да ги ажурира и имплементира готовите алатки. Вашиот тим се состои од партнери од 200 земји! Секој ден ќе Ви биде интересен. Освен тоа, ќе имате удобен формат на работа од далечина и високи бонуси на темел на Вашите резултати. Со задоволство ќе Ви дадеме повеќе информации во текот на интервјуто!
Испратете го Вашето CV на нашиот стручњак за човечки ресурси преку Telegram или на имејлот: @Svetlana_Grinkova, svetlana.g@solargroup.team. И споделете ги информациите за овие слободни работни места со Вашите пријатели и бивши колеги.
Ќе ни биде задоволство да станете дел од нашиот тим!