Пренос во живо со Александер Сударев и со инвеститори во проектот на YouTube каналот Finversia
Основачите и публиката на YouTube каналот Finversia покажаа сериозен интерес за проектот „Моторите на Дујунов“. На овој канал, по трет пат беше објавен материјал посветен на проектот. Да потсетиме, првиот беше разговор меѓу Александер Сударев и уредникот на каналот Finversia, Јан Арт, а вториот беше репортажа за посетата на снимателската екипа на овој канал на градилиштето на „Совелмаш“.
Овој пат, за да ѝ помогне на публиката да стекне уште подобар увид во проектот, Јан Арт повторно го повика во емисија во живо Александер Сударев, како и Сергеј Шевченко и Павел Ахметов, кои се инвеститори и партнери во проектот.
Тие зборуваа за суштината на технологијата „Славјанка“, за изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг, како и за инвестицискиот аспект на проектот.
Освен тоа, посветија особено внимание за да одговорат на прашањата на критичарите и на оние што се противат на проектот.
Дискусијата беше жива, динамична и интересна. Достапна е само на руски јазик на следниов линк.
Напишете во коментар дали Ви се допадна емисијата!