Честитки! Еден чекор погоре на скалата на кариерата

Честитки! Еден чекор погоре на скалата на кариерата

Секој успешен партнер на SOLARGROUP настојува да се искачи на врвот од скалата на кариерата во маркетинг планот, односно да го стекне статусот „Претседател“. И да стане професионалец во промовирањето на проектите за да може компанијата да му довери одговорна положба — да биде претставник на проектите на SOLARGROUP за регионот.

А што прават оние кои веќе го постигнале ова? Се разбира, одат скала погоре.

Сега постои ваква можност. Оваа година компанијата воведува нова положба — Амбасадор на проектитие. Амбасадорот ги застапува интересите на инвеститорите и на партнерите во регионите на својата јазична група, и може:
• да учествува во развојот и координацијата на стратегијата за промовирање на проектите во регионот што го претставува;
• да воведува локални маркетинг решенија;
• да донесува одлуки за одржување настани со учество на главните раководители на компанијата во кој и да било регион каде што се зборува неговата јазична група;
• самостојно да одредува датуми за конференции во регионите на својата јазична група.

Gilles Weber стана првиот амбасадор на проектите. Тој веќе неколку години е успешен претставник на проектите во повеќе земји каде што се зборува француски јазик. Сега ќе има можност да им помага на претставниците на проектите и на водечките партнери во регионите на својата јазична група.

Му го честитаме на Gilles Weber доделувањето на оваа одговорна положба! За некој да стане амбасадор на проектите, треба да исполни неколку строги барања:
• да стекне статус „Претседател“,
• да има тим од партнери со најмал статус „Експерт“ или поголем — и да има по најмалку еден партнер во секој регион од својата јазична група!

Уверени сме дека Gilles Weber ќе ги надмине сите очекувања на компанијата! И заедно со него, проектите на SOLARGROUP ќе бидат успешно промовирани во земјите во кои се зборува француски.

Се надеваме дека наскоро ќе имаме амбасадори во сите јазични групи!

Други новости