Поставете финансиски темел за Вашите деца
Која куќа ќе опстои подолго — таа што има или таа што нема темели? Кој може да погоди во центарот на метата — оној што добро гледа далеку или оној што е кратковид?
Зошто е добро да имате инвестициско портфолио за Вашето дете?
Ако одговорот на овие прашања Ви е очигледен, тогаш сте на добар пат да ја осигурате идната финансиска благосостојба на Вашите деца. Има многу начини на кои може да создадете капитал за Вашите деца и да го зголемите.
Ние Ви предлагаме еден од најперспективните и најпрофитабилни начини — да купите удел за Вашето дете во инженерската компанија „Совелмаш“. Откако ќе стане полнолетно, тоа ќе добива дивиденди од заработката на компанијата. Тоа ќе му биде од огромна помош за да стекне образование, да купи куќа или да започне бизнис.
Гледајте го видеото во кое Павел Филипов, раководителот за маркетинг и односи со јавност при SOLARGROUP, зборува за пакетите за деца.
Заклучно до 30 јуни, во рамките на нашиот проект важи промоцијата „Минус една фаза на пакети за деца“. Главна предност на понудата: може да купите инвестициски пакет за Вашето дете со попуст од „минус една фаза“ од фазата чиј попуст Ви е достапен. Ова значи дека на овој начин во пакетот ќе има повеќе инвестициски удели отколку без понудата.
Да објасниме со неколку примери.
• Ако досега не сте инвестирале во проектот, или ако купите пакет во тековната фаза 18, во јуни ќе можете да купите пакет за детето со попустот од фаза 17.
• Ако имате купено инвестициски пакет во претходните фази и продолжувате да го отплаќате на рати, пакетот за детето ќе Ви биде достапен со попуст од „минус една фаза“ од фазата во која сте почнале да го отплаќате Вашиот пакет. Ова се најпогодните попусти што проектот ги нуди во моментов!
Добро е да размислат за ова и оние што го прекинале отплаќањето на рати. Всушност, ако го обновите отплаќањето, и Вие ќе можете да купите пакет за дете со попуст од „минус една фаза“ од попустот што важел за Вашиот обновен пакет.
Не заборавајте: добрите финансиски навики се создаваат уште во детството.