Сумирање на прелиминарните резултати од финансирањето на проектот

Сумирање на прелиминарните резултати од финансирањето на проектот

Проектот „Моторите на Дујунов“ ја достигна планираната цел во поглед на финансирањето — собрани се 70.000.000 $. Им честитаме на сите инвеститори и партнери на ова достигнување! Сега сигурно се прашувате: „Што следува понатаму?“

На 2 ноември, Дмитриј Дујунов ги сумираше прелиминарните резултати од изградбата на инженерскиот центар „Совелмаш“ во емисијата „Време за стручњакот“. Тој зборуваше за тоа што уште треба да се направи за да се доврши изградбата, и уште колку финансиски средства ќе бидат потребни.

„Какви се нашите досегашни резултати? Може многу да се зборува за достигнувања, за сето она што беше направено досега. Но, сето тоа го гледате на екранот. Многу работи веќе се при крај. Меѓутоа, додека одевме напред и го реализиравме проектот, светот не стоеше во место, туку продолжи да се менува. Се разбира, се менуваше и проектот. Еве како се менува светот: последната серија плочки, купена пред половина месец, чинеше 1,9 илјади. Денес чини 2,3 илјади. Колку време помина? Десет дена? Светот се менува“, вели Дмитриј Дујунов, раководителот на проектот, коментирајќи ја тековната ситуација.

„Сега потпишавме 62 локални проценки за вкупен износ од 704.668.073 рубљи. Според овие проценки, за завршената работа беа потребни 231.739.409 рубљи. Според истите проценки, преостанува да се плати износ од 272.612.112 рубљи. Станува збор за задачи кои треба да бидат платени откако ќе бидат завршени.

Но, има и локални проценки за работите кои сè уште не се завршени. Како што цените растат, проценките се менуваат, и затоа мора да се прават повторни пресметки. Но, во однос на работата, ситуацијата е следнава: не е завршен вториот производствен кат, а во просторот од 16-та до 23-та оска — каде што се сместени помошните, техничките и административните простории — сè уште не се изведени завршните и други работи. Освен тоа, околу клима уредите мора да се постават материјали за придушување на буката. Тоа ќе биде еден вид звучна бариера меѓу нашата парцела и соседната парцела на задругата за градинарски култури.

Според тековните пресметки, за да се заврши оваа работа, ќе бидат потребни 742.612.112 рубљи.

Освен тоа, тука е и износот што ќе треба да се плати за отстранување на недостатоците во фазата кога ќе ги добиеме документите за завршеток на изградбата“.

На 9 ноември, додека се емитуваше програмата „Време со стручњакот“, Дмитриј Дујунов извести дека во текот на седмицата износот на потребни средства веќе се намалил:

„Денес ситуацијата е поинаква. Да се потсетиме, ни беа потребни 704 милиони рубљи, а сега таа сума се намали на 686.632.700 рубљи. <Износот на средствата потребни за завршување на работата според проценките е> 223.617.540,33 рубљи, во споредба со најавените 231 милион рубљи — значи, сумата се промени. Пресметувањето продолжува, сето ова е динамично. Поминува една седмица, и износот се менува. Ова мора постојано да се зема предвид. А за работата што сè уште треба да се процени, што треба да се пресмета и за која ќе треба да се привлечат средства, ќе бидат потребни околу 470 милиони. Но, ова сè уште не сме го пресметале и сè уште не е направена проценка на тој износ. Едно можам да ви кажам: утре или во понеделник, сето ова ќе се промени. Тоа е динамичен процес. Не стои во место.“



Колку време ќе треба за да се собере дополнителниот износ на средства?

Важно е да се разбере следново! Сите наведени износи и рокови се прелиминарни, и пресметани се на темел на моменталните околности. Тие можат да се променат ако се променат околностите.

За да се заврши изградбата и да се добие соодветниот сертификат, на „Совелмаш“ му се потребни уште 742.612.112 рубљи, кои треба да легнат на банковната сметка на компанијата. Овој износ одговара на моменталните пресметки од 2 ноември, и динамично се менува секој ден.

Колку побрзо се привлечат овие средства, толку побрзо ќе биде завршено финансирањето на проектот. Доколку се задржи брзо темпо на финансирање, потребните средства ќе бидат собрани кон средината на 2024 год.

Значи, што е следно во проектот?

Тој и понатаму се развива според планот. Продолжуваме успешно да ги постигнуваме нашите цели и, во 2023 год., проектот ќе влезе во нова инвестициска фаза 19, од вкупно 20 фази!

Од фаза 19, ќе започне најважниот дел од работата кој го очекуваат инвеститорите во проектот — акционирањето, односно неговата прва етапа: ќе започне собирање на барањата за акции од страна на инвеститорите и формирање на регистарот на идните акционери. Оваа работа ќе се одвива преку бек-офисот, а опциите и постапката наскоро ќе им бидат претставени на инвеститорите.

После завршувањето на градежните работи, проектот ќе премине во следните фази.

• Завршеток на градежниот проект, добивање на соодветна документација.
• Надополнување на потребната технолошка опрема предвидена со проектот.
• Испорака на државната комисија за понатамошно пуштање во работа.
• Вреднување на остварениот имот и негово вклучување во билансот на претпријатието.
• Откуп на земјиштето на кое се наоѓа Бирото и негово вклучување во билансот.
• Претворање на ДОО „Совелмаш“ во акционерско друштво.
• Префрлање на уделите од компанијата SOLARGROUP на инвеститорите во склад со бројот на претходно стекнатите инвестициски удели.
• Почеток на комерцијалните дејности.

Важно е да се разбере дека редоследот на фазите е условен и дека задачите можат да се завршуваат истовремено, ако тоа е потребно.

Во случај на брзо темпо на финансирање, инвеститорите можат да очекуваат изградбата да биде завршена уште во 2024 год.

ИНВЕСТИРАЈТЕ