Сите водови за приклучок на ладната вода се споени | Изградбата на „Совелмаш“
Денес, главна вест од градилиштето на „Совелмаш“ е новото видео.
На главниот влез во зградата се поставуваа бунарите, се рамнеше теренот, беше поставен геотекстил и се вршеше пополнување со песок. Наскоро овој простор ќе биде покриен со чакал и ќе биде подготвен за асфалтирање.
Беше поставена и комора за приклучување на водоводот со зградата. Се изведува приклучување на ладната вода за да се оспособи противпожарниот систем.
Привршуваат и земјените работи. Од десната страна на зградата, се вршат подготовки за излевање на асфалт бетонот.
Надвор од градилиштето, се врши ископување за да се поврзе топловодот.
Бетонската подлога и хидроизолацијата се завршени, се поставуваат одводни канали, а цевките „го напуштаат“ подрачјето на „Совелмаш“. Многу брзо топловодот ќе биде довршен, и ќе биде вклучено и снабдувањето со топла вода.
Сите водови за снабдување со ладна вода се споени.
Бунарите за санитарна и атмосферска канализација сега се наоѓаат виско над нивото на земјата, и целиот овој простор ќе биде наполнет со песок.
Цевките на топловодот се поставуваат внатре во објектот. Сета опрема на топловодната станица ќе обезбедува греење за целата зграда откако сите цевки ќе бидат поставени и заварени.
И во административната зграда се работи на системот за греење. Во објектот се спроведува и електроинсталација.
Уживајте во видеото, претплатете се на нашите социјални мрежи, бидете во тек со сите настани што се одвиваат во проектот!
Денес, секој што ќе инвестира може да влијае врз темпото на работа во зградата и надвор од неа, врз работата поврзана со документацијата и со дизајнирањето, како и врз подготовката на производната серија на аголни брусилки. За сето тоа да биде максимално исплатливо за Вас, искористете ги новите услови на промоцијата „Ви благодариме“. Дознајте нешто повеќе за неа на следниов линк.