Одговор на важно прашање во врска со Пријателскиот бонус

Одговор на важно прашање во врска со Пријателскиот бонус

Во проектот „Моторите на Дујунов“ може да добиете бонус со личен промотивен код. Со овој код ќе добиете +10% удели од нивниот број во пакетот.

Мнозина од вас го искористија Пријателскиот бонус повеќе пати. Сепак, во април направивме мала промена во условите на оваа промотивна понуда. Да Ве потсетиме на основните правила кои моментално важат во проектот.

• Промотивните кодови може да ги добиете преку имејл откако целосно ќе го исплатите пакетот или, пак, да ги побарате од други инвеститори во проектот. Промотивниот код важи 30 дена.
• Може да го искористите само еднаш. На еден пакет може да се примени само еден промотивен код.
• 10% бонуси се пресметуваат врз основа на почетниот број удели во пакетот, при што не се земаат предвид уделите добиени со други промоции. Пријателски бонус се добива кога пакетот ќе се исплати во целост и без задоцнети уплати.

Ни поставивте важно прашање: „Што се случува со Пријателските бонуси кои беа доделени кога пакетот беше зголемуван неколку пати пред да се сменат правилата, односно пред да биде откажана оваа можност?“

Внимателно ги разгледавме податоците, и одлучивме да ви ги оставиме претходно добиените удели и да не ги поништуваме. Донесовме ваква одлука бидејќи малку луѓе имаат повеќепати применето ваков бонус на еден пакет, и процентот на бонуси не е значително поголем.

Внимание! Го ограничуваме времетраењето на промоцијата Пријателски бонус. Можат да се добијат и да се искористат вакви промотивни кодови само во тековната фаза 19. Во следната, последна фаза, ваков бонус нема да биде достапен.

Искористете го кога купувате нов пакет или споделете го со други инвеститори во проектот!

Дознајте нешто повеќе за Пријателскиот бонус овде.

ИНВЕСТИРАЈТЕ