Истовремено ја покренуваме функцијата за инвеститорите од две земји!
Го шириме кругот на земји со инвеститори кои можат да поднесат барање за конверзија на инвестициските удели во акции. Претходно оваа можност им беше достапна на инвеститорите од Русија и Индија. Денес ја покренуваме за нашите инвеститори од Виетнам и од Северна Македонија.
Како да ја користам оваа функција?
• Одете на делот „Добивање акции“ во менито на Главната страница во бек-офисот.
• Проверете дали сте ја комплетирале верификацијата и потврдете дека се внесени Вашите најнови податоци.
• Кликнете на опцијата „Започнете“. Потоа прочитајте ги информациите за начините на управување со Вашите инвестициски удели, и изберете го оној што Ви одговара. Може да го сторите ова кога и да било пред да биде завршено финансирањето на проектот.
• Испратете го Вашето барање за добивање акции.
Постепено оваа функција ќе биде покрената за инвеститорите во проектот од разни земји. Поттикнете ги Вашите партнери и колеги уште сега да ја пројдат оваа постапка!