Од мотори до опрема: на кои иновативни производи се надева „Совелмаш“
Во моментов, во „Совелмаш“ се во тек 56 експериментало-дизајнерски работи, при што не станува збор само за пресметки, туку за работа со конечни производи и подготовка на прототипни модели. На Меѓународната конференција на SOLARGROUP во Москва, Александар Сударев, заменик-генерален директор за односи со јавност на „Совелмаш“, зборуваше за производите со кои компанијата планира да ја започне својата полноправна комерцијална активност.
Индустриски мотор за општа намена со величина 100
Изработен во стандардно куќиште, но внатре се ставени иновативните комбинирани намотки „Славјанка“, кои ги подобруваат перформансите на моторот. На пример, подобрени се перформансите што му овозможуваат на моторот да работи со поголема брзина.
Погонски систем за рачен електричен алат
Аголната брусилка е првиот алат со ваков погон кој се подготвува за сериско производство. Аголната брусилка со мотор заснован на „Славјанка“ работи потивко и со помали вибрации од другите аналогни брусилки, има поголема брзина и подобар квалитет на сечење. Во светот не постои друга аголна брусилка со стандарден електричен челик која работи на фреквенција од 600 Hz. Беше подготвена и тестирана индустриска верзија на оваа алатка — пресметките во одредена мера ги надминаа очекувањата. Во блиска иднина, аголната брусилка ќе помине низ процес на сертификација во посебни лаборатории.
Дигалка за лифт без запченик
Дигалката е направена со помош на истите технологии што беа применети на индукцискиот мотор за тркало дизајниран од „Совелмаш“. На пример, благодарение на технологијата за леење на ротор во алуминиум во средина без кислород, можат да се добијат висококвалитетни производи кои не содржат оксидни инклузии и да се постигне оптимален сооднос на цената и квалитетот. Дигалката има 8 модификации, и може да се користи во патнички, товарно-патнички, товарни и болнички лифтови, како и во други уреди за кревање.
Регулатори
„Совелмаш“ дизајнираше регулатори со сопствена математика и софтвер. Овие уреди се покомпактни од нивните аналози, но имаат слична моќност. Регулатор за рачен електричен алат се подготвува за сериско производство, а во тек е и дизајнирањето на регулатор за влечни мотори.
Технолошка опрема
На „Совелмаш“ му е потребна ваква опрема за да може да ги изработува своите произоди, и за да не зависи целосно од добавувачи. Веќе е дизајнирана следнава опрема:
• инкрементален енкодер и уред за негово магнетизирање,
• машина за поставување изолација на жлебовите на моторите за тркало и на моторите на електричните алати,
• машина за монтирање на плочите на роторот и статорот на моторот за тркало.
Дизајнираните производи ќе се користат во состав на дигалките за лифтови и во други производи.
За повеќе детали, погледнете ја презентацијата на Александар Сударев.
Ако сега инвестирате во „Совелмаш“, ќе станете косопственик на компанија која претендира да биде лидер во развојот на електромотори. Вие поддржувате иновации, а компанијата работи за да Ви осигура заработка од дивиденди!