„Оскар“ на SOLARGROUP

„Оскар“ на SOLARGROUP

Прашајте го кој и да било вработен што го мотивира да работи уште подобро. Најчестиот одговор е: кога другите го ценат твојот труд.

Неодамна Harvard Business заврши една повеќегодишна студија чија цел беше да се открие кој фактор има клучно влијание врз мотивацијата на луѓето. Се покажа дека пресуден фактор е успехот во работата.

Ние го зедовме тоа предвид. Постојано се трудиме да го подобриме и да го усовршиме нашиот систем за признание на заслугите на партнерите. Во партнерскиот бизнис, секој чекор е важен и води поблизу до успехот. Свесни сме колку се вредни Вашите резултати за Вас. За нас и за проектот, Вашите резултати во партнерското работење се исто така многу важни: тие го приближуваат тековниот проект до успешна реализација и создаваат скапоцено општествено добро за идните проекти.

Затоа сега секој партнер не само што може да добие признание за своите заслуги и надоместок за препораките, туку и да стане број еден меѓу партнерите.

Креиравме 8 номинации кои можете да ги освоите. Погледнете за какви номинации станува збор, пронајдете ја Вашата јака страна, развијте ја и освојте ја заслужената награда. Почетокот е 1 јули, и веќе сте во игра! По три месеци, ќе ги собереме резултатите за 5 категории. Во три специфични категории, победникот ќе биде одреден од посебни услови. Погледнете сами.

Номинации:

• „Најдобар поканувач“. Победува партнерот кој има најголем број на лично потврдени регистрации во првото ниво од својата структура. Ова е доказ дека партнерот активно работи на своите вештини за промовирање на проектот. Рокот за одредување на победникот е 3 месеци.
• „Лидер на скалата“. Победува партнерот со најдлабока структура. Ова е доказ дека партнерот знае рационално да ги распредели ресурсите. Рокот за одредување на победникот е декември 2023 год.
„Најдобар регрутер“. Победува партнерот кој има најголем број потпишани договори за партнерство во првото ниво од својата структура. Ова е доказ дека партнерот знае да изнесува ефикасни деловни предлози. Рокот за одредување на победникот е 3 месеци.
• „Широк развој“. Победува партнерот кој има најшироко прво ниво од структурата. Ова е доказ дека партнерот е способен лесно да пронајде истомисленици и лично да влијае врз темпото на разгранување на мрежата. Рокот за одредување на победникот е декември 2023 год.
• „Беспрекорна дисциплина“. Победува партнерот со најголема ефикасност (минимални задолженија) во структурата. Ова е доказ дека партнерот ги продава пакетите на рати на исправен начин и делотворно ги пренесува информациите за ваквиот вид плаќање. Рокот за одредување на победникот е 3 месеци.
• „Џек-пот“. Победува партнерот кој ќе оствари најголема продажба. Ова е доказ дека партнерот добро владее со алатките за маркетинг, размислува на одредено ниво и способен е на другите да им го претстави квалитетот на производот. Рокот за одредување на победникот е 3 месеци.
• „Партнер од милион долари“. Оваа номинација е нешто посебно! Може да ја освоите еднаш — кога износот на Ваши продадени пакети ќе достигне 1.000.000 $. Ако бидете првиот што ќе го постигне тоа, Вие ќе станете нашиот „Партнер од милион долари“.
• „Најголем износ на продажби“. Победува партнерот со најголем износ на лични продажби (обврски). Ова значи дека партнерот не запира (дури ни со 1.000.000 $, ако веќе го достигнал тој износ) и добро го разбира она што е најважно од сè — дека темпото на реализација на проектот зависи од ефикасните продажби. Тоа е супер професионалец! Рокот за одредување на победникот е 3 месеци.

Се гледаме на црвениот тепих! Односно, на свеченото врачување на сертификатите 🏆

СТАНЕТЕ ПАРТНЕР